Иран предупредува: Ако не запрат нападите врз Газа, целиот регион ќе експлодира

Техеран ги предупреди Израел и САД дека ако итно не запрат нападите врз Газа, тогаш целиот Блиски Исток спирално би излегол од сечија контрола.

– Ги предупредувам САД и нивниот пион Израел дека ако итно не го запрат ова злосторство против човештвото и геноцидот во Газа, се е возможно во секој момент и регионот ќе излезе надвор од контрола. Резултатите ќе бидат страшни и горчливи, со далекусежни последици, и во регионот и за оние што ја водат војната – изјави шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир Абдолахијан.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ