Балкан

Дачиќ: Од почетокот на конфликтот во Украина не е извезено

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ги демантираше наводите за наводен извоз на оружје и воена опрема во Украина, кои ги објави британската агенција Ројтерс, јави дописникот на МИА од Белград. – Министерот Дачиќ изјави дека Република Србија, почитувајќи ги внатрешните и меѓународните правни акти, не извезува оружје и воена опрема […]

Свет

Населението во Јапонија лани опадна под 125 милиони

Јапонското население се намалува 12-та година по ред и во 2022 година имаше 556.000 жители помалку отколку една година порано, покажуваат најновите официјални статистички податоци. Од 1 октомври населението, вклучувајќи ги и странските државјани, изнесуваше 124.947.000, додека бројот на јапонски државјани е намален за 750.000 на 122.031.000, што е најголем пад од 1950 година, покажуваат […]

Свет

Трамп: Нема да кажам кој е одговорен, но Русија не

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Русија не е одговорна за експлозијата на гасоводите Северен поток во септември минатата година и навести дека САД би можеле да бидат вмешани во инцидентот. Не сакам да ја доведам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. Но, можам да ви кажам […]

Балкан

ЦИК на Албанија распредели средства за политичките партии за 2023

Албанската Централна изборна комисија (ЦИК) распредели средства на партиите за 2023 година, врз основа на бројот на пратеници во Собранието по изборите во 2021 година. Социјалистичката партија е политичката сила која добива најголем фонд, односно 151.494.783 лека. Потоа следува Демократската партија со фонд од 106.661.181 лека, додека третото место го зазема Партијата на правдата, интеграцијата […]

Свет

Би-Би-Си: Доверливи документи тврдат дека западните специјалци се присутни во

Речиси 100 припадници на специјалните единици на земјите на НАТО се присутни на територијата на Украина на почетокот на оваа година, се наведува во еден од десетиците доверливи американски документи кои протекоа на Интернет. Објавените разузнавачки документи, од кои некои се означени како „строго доверливо“, даваат детална слика за конфликтот во Украина, вклучувајќи чувствителни детали […]

Свет

Папата Франциск сака да се расветли мистеријата на девојката од

Исчезнувањето на ватиканската ученичка Емануела Орланди пред 40 години, што е една од најдолгогодишните мистерии во Италија, влезе во ново поглавје. Братот на исчезнатата ученичка се сретна со ватикански истражител овластен од папата Франциск да се обиде да го расветли случајот. Станува збор за 15-годишната ќерка на службеник на Ватикан, која не се вратила дома […]

Свет

Првиот човек на Светска банка: Обновата на украинската економија ќе

Светска банка е подготвена да го направи својот дел во обновата на Украина, по уништувањето во руската инвазија, но меѓународните финансиски институции не можат сами да ја обезбедат целата сума, затоа треба да се вклучат и западноевропските земји, изјави синоќа претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас. Говорејќи на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) […]

Свет

Русија тестираше интерконтинентална балистичка ракета

Русија успешно лансираше интерконтинентална балистичка ракета од локација на југот на земјата, соопшти рано утринава Министерството за одбрана, испраќајќи ново предупредување до своите непријатели. Ракетата со долг дострел беше лансирана од полигонот Капустин Јар во регионот Астрахан, на брегот на Каспиското Море. Пробната боева глава подоцна погоди објект во сојузничката земја Казахстан како што беше […]

Свет

Бајден пристигна во Северна Ирска, беше пречекан од британскиот премиер

Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во Северна Ирска, каде беше пречекан од британскиот премиер Риши Сунак. Американскиот претседател дојде во кратка посета за време на која ќе присуствува на 25-годишнината од мировниот договор со кој заврши 30-годишното крвопролевање во Северна Ирска. Бајден, кој е многу горд на своите ирски корени, планира да помине само половина […]

Свет

Навални во затворот е болен и без нега, тврди неговиот

Рускиот противник на Кремљ, Алексеј Навални, кој е во затвор две години, е болен и „без нега“, изјави денеска неговиот адвокат Вадим Кобзев, додавајќи дека ситуацијата е „многу чудна. “. Во текот на ноќта меѓу петокот и саботата во неговата ќелија била повикана Итна помош поради стомачни проблеми кои се влошиле“, напиша Кобзев на Твитер. […]