Во Охрид Отворен ден со Армијата и Планинската спасителна служба

Воздухопловниот винг на Армијата под Командата за операции и Планинската спасителна служба од Охрид утре во кругот на Центарот за обука на вода кај Студенчишта ќе одржат презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени.

Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на Армијата и успешната цивилно-воена соработка, штоа армискиот винг и Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид успешно ја развиваат изминатите две години, во интерес на ефикасноста и квалитетот на спасителните операции на планина и тешко пристапни терени.

Настанот ќе се одржи во дворот на Центарот за обука на вода кај Студенчишкиот канал, во периодот од 10 до 14 часот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ