Свет

Двојно зголемена брзината на растот на нивоата на морињата во

Нивото на морињата во светот расте двојно побрзо отколку во првата декада од мерењето, во периодот од 1993 до 2002 година и минатата година достигна рекордна бројка, соопшти денеска Светската метеоролошка организација. Топењето на големите глечери и рекордното затоплување на океаните, што предизвикува ширење на водата, придонесе за просечно зголемување на водата за 4,62 сантиметри […]

Балкан

Радев: На Бугарија и треба функционален парламент и политичка влада

На Бугарија и треба функционален парламент и политичка влада со јасни приоритети, долгорочни цели и посветеност и одговорност кон нивното остварување, порача претседателот Румен Радев на консултациите со претставниците на пратеничката група на „Има таков народ“. „Формирањето на политичка влада гарантира одржливост и долгорочна работа на парламентот“, додаде шефот на државата. Тој денеска одржа консултации […]

Свет

Сунак ја прифати оставката на Раб

– Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека со „големо жалење“ ја прифатил оставката на неговиот заменик Доминик Раб, откако Раб ја напушти Владата по завршувањето на истрагата за наводите дека малтретирал колеги. „Со големо жалење ја прифатив вашата оставка. Но, јасно е дека имаше пропусти во историскиот процес што негативно влијаеше на сите вклучени. […]

Свет

Поради насилничко однесување, оставка поднесе британскиот вицепремиер Рааб

Британскиот вицепремиер и министер за правосудство Доминик Рааб во петокот поднесе оставка по независната истрага спроведена против него поради насилничко однесување. Во писмото до премиерот Риши Сунак објавено на Twitter, Рааб наведува дека и натаму ја поддржува владата. „Јас самиот ја побарав таа истрага и се обврзав да поднесам оставка доколку се утврди дека имало […]

Балкан

„Кралот на криптовалутите“, До Квон обвинет во Црна Гора за

Црногорското обвинителство го обвини јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон и еден од неговите сонародници за кривично дело фалсификување исправа. До Квон и неговиот соработник Хон Чонг Џун беа уапсени на аеродромот во Подгорица во март, според меѓународна потерница, кога се обиделе да летаат за Дубаи со приватен авион. До Квон во светот е познат […]

Свет

Украина ќе стане членка на НАТО, потврди Јенс Столтенберг

„Сојузниците на НАТО се согласија Украина да стане членка“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Говорејќи пред состанокот во Рамштајн, Германија, тој додаде дека откако војната ќе заврши, Киев мора да развие начини за спречување на нови напади. Столтенберг додаде дека сега главниот фокус е Украина да се брани и да победи. Шефот на […]

Балкан

Вучиќ: Изборите на северот на Косово се срам за Европа

Во недела на северот на Косово ќе има страшен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ, ден во кој официјално ќе биде обележан срамот на Европа и светот за тоа што го организираа и го прават, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва на ТВ Прва зборувајќи за изборите во недела во четири […]

Свет

Воениот лидер на Судан: војската е посветена на транзиција кон

Врховниот судански генерал Абдел Фатах Бурхан денеска изјави дека армијата е посветена на транзицијата кон цивилно владеење, објави Асошиејтед прес (АП). Бурхан го објави ова во својот прв говор откако избувнаа брутални борби во Судан меѓу неговите сили и моќните паравоени сили во земјата пред речиси една недела. „Уверени сме дека ќе го надминеме ова […]

Свет

Руски авион по грешка бомбардираше руски град

Руски воен авион во четвртокот доцна навечер случајно истрелал проектил врз градот Белгород во Русија, во близина на границата со Украина, предизвикувајќи експлозија и оштетување на згради, јави руската новинска агенција Тас, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Локалните власти известија за голема експлозија во град веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер рече дека […]

Свет

ОН: Помеѓу 10.000 и 20.000 Суданци побегнале во Чад

Помеѓу 10.000 и 20.000 луѓе побегнале од конфликтот во Судан во соседен Чад, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) чии членови се присутни на границата на двете земји. – Повеќето од оние што бегаат се жени и деца. УНХЦР тесно соработува со владата на Чад и нејзините партнери за да ги процени […]