Видео: Големо невреме во Охрид, град и дожд ги поплавија улиците, се бројат штетите

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд, град и електрични празнења попладнево го зафати Охридскиот регион.

За кусо време падна голема количина воден талог. Тревниците и зелените површини во градот побелеа, а улиците се поретворија во реки.

Градот беше со големина на лешник, но и поголем, веројатно предизвика големи штети на земјоделските култури, кои допрва ќе се согледуваат. Овој период од годината стасува црешата и јагодата, а погодени се и другите земјоделски култури.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ