Во самата Москва и на периферијата на градот, според западните медиуми, во тек се бурни подготовки за пристигнување на конвојот платеници на „Вагнер“ предводен од Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт против армијата и режимот. „Вагнерци“ ги освоија градовите Ростов и Воронеж, а конвојот сега беше виден на нешто повеќе од 400 километри од Москва. Руската армија се подготвува за пристигнувањето на „Вагнер“, кој се очекува во вечерните часови.
Би-Би-Си потврди видео на кое се гледа конвојот со вооружени возила на Вагнер кој патува по автопатот М4, кој ги поврзува Воронеж и Москва преку регионот Липецк.
Гувернерот на регионот Липецк ги замоли жителите да останат дома и да избегнуваат патувања, било со јавни возила или со јавен превоз. Оваа област се наоѓа на околу 400 километри од Москва.
A Wagner convoy moving towards #Moscow along the M4 highway in #Lipetsk Oblast; a T-90S, BMP-2 IFV, and a number of transport/logistics/fuel vehicles seen.
— Cᴀʟɪʙʀᴇ Oʙsᴄᴜʀᴀ (@CalibreObscura) June 24, 2023
Observe the LNR number plates like those in Rostov. pic.twitter.com/o2H76iAeMf
Руските војници наводно поставиле митралез на влезот во Москва, според фотографиите објавени од рускиот весник Ведомости.
Како што јави Ројтерс, весникот Ведомости објави дека митралезот бил поставен на југозападниот раб на градот. На фотографиите се гледа и собир на вооружена полиција на автопатот М4 каде се движат платениците на Вагнер.
Сергеј Наришкин, шеф на руската надворешна разузнавачка служба СВР, рече дека е јасно дека, како што рече, обидот за дестабилизација на општеството и разгорување на братоубиствена граѓанска војна не успеало.
Во исто време, наводно, на улиците на Москва има голем број оклопни возила, околу сите институции се поставени воени контролни пунктови и заштитна ограда.
Паралелно, армијата поставува единици на периферијата на градот, особено околу автопатот по кој се движи конвојот на Вагнер. Според некои информации, ровови се копаат околу Москва.
Да потсетиме дека шефот на руските платеници, Евгениј Пригожин, го обвини Министерството за одбрана за намерно гранатирање на неговите сили и прогласи почеток на вооружен бунт.
⚡️Trenches are being dug on the outskirts of #Moscow pic.twitter.com/KAj89Br8tC
— KyivPost (@KyivPost) June 24, 2023