ФОТО: Авион два часа кружи на Охрид и не може да слета поради невреме!

Невремето во Охридскиот регион предизвика проблеми и во редовниот авио сообраќај. Авион од компанијата „Визер“ кој полета од Малме, Шведска, не можеше да слета на охридскиот аеродром „Св. Петар и Павле“.

Авионот кружеше на Охрид и Струга речеси два часа. Планирано време за слетување беше во 11 часот.

Подоцна авионот беше пренасочен кон Тирана и таму успешно слета. Патниците ќе бидат транспортирани до Скопје со автобуси.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ