Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 22 проценти, објави на фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во делот на тешките кражби, како што наведува, во текот на 2023 година, бележиме намалување за 38 проценти, споредбено со истиот […]
Во тек е голема спасувачка акција на патот Скопје-Приштина откако по сообраќајна несреќа три лица се исчезнати, а едно спасено откако возило излета во реката Лепенец, пренесува ексклузивно ТВ21. Несреќата се случила попладнево, а едно возило завршило во реката Лепенец, не далеку од тунелот. На терен се специјални единици кои вршат потрага во река Лепенец, како […]
Еуроњуз Албанија обезбеди снимка од несреќата во Елбасан, каде за жал загина 8-годишно девојче. Според информации на 4NEWS.mk автомобилот со македонски регистарски таблички доаѓал од Елбасан во правец кон Пеќин и на кривина македонскиот голф изгубил контрола и му го пресекол патот на другото возило. „Околу 16 часот и 30 минути на патот Елбасан-Пеќин, во […]
Се известуваат граѓаните и пчеларите на Општина Струга дека на подрачјето на општината, на ден 20.06.2023 год. (вторник) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци. Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 22:00 часот, до 06:00 часот следното наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе […]
Вчера попладнето околу 15.20 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од Охрид и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(42) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со […]
Само 20 минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај одлуката да се запре сообраќајот преку тој мост, се обиде да го премине на другата страна објавија српските медиуми. – Не се […]
По директен судир на две возила попладнево, на влезот од Струга, едно возило заврши во Охридското езеро, а друго го блокираше патниот правец. Ова е втора сообраќајна несреќа, на само 200 метри на истиот патен правец. Тоа се наоѓа на само 200 метри од втората сообраќајна несреќа. Причината и за двете сообраќајни несреќи засега се […]
Гледаме силна градежна офанзива овде пред Охрид. Очекуваме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел од Подмоље до Охрид и потоа да започнеме со последната фаза за поставување на еластични огради и одобрување на времениот режим. Денеска со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, сме присутни на терен за да извршиме […]
На стариот локален пат пред влезот на Струга попладнево се судрија автомобил и автобус. На лице место е полицијата која го регулира сообраќајот. Во моментов нема информации како дошло до директниот судар меѓу автобусот и патничкото возило. Во тек е истрага, и се уште не е познато дали има повредени лица во сообраќајот. Поради одржување […]
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5, ја поздрави одлуката на германскиот парламент, кој усвои резолуција со која ги потврдува македонската култура, јазик, идентитет. За премиерот Ковачевски, оваа одлука на Бундестагот е потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура […]