ВИДЕО: Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Струга, се судрија автобус и автомобил!

На стариот локален пат пред влезот на Струга попладнево се судрија автомобил и автобус.

На лице место е полицијата која го регулира сообраќајот.

Во моментов нема информации како дошло до директниот судар меѓу автобусот и патничкото возило.

Во тек е истрага, и се уште не е познато дали има повредени лица во сообраќајот.

Поради одржување на Преспа Форумот за влез во Струга и излез формирани се километарски колони практично целиот соообраќај е блокиран.

Инаку, поради најавени градежни работи сообраќајот се пренасочува по стариот пат, односно затворен е патниот правец од Охрид кон Струга.

извор:4news.mk

ОСТАНАТИ ВЕСТИ