Детали за несреќата а патот Охрид – Струга: Две лица се однесени во болница, еден со тешки повреди

Вчера попладнето околу 15.20 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од Охрид и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(42) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со телесни повреди се здобил Х.Б. кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“-Охрид.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга, информира МВР.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ