Вести

Москва нема да ги промени плановите за распоредување нуклеарно оружје

Русија денеска соопшти дека нема да ги промени своите планови за распоредување „тактичко“ нуклеарно оружје во Белорусија и покрај бројните критики од западните земји. „Се разбира, таквата реакција не може да влијае на плановите на Русија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата објави дека има договор со Минск за […]

Свет

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по една година престој во

Основачот на „Алибаба“, Џек Ма, по повеќе од една година престој во странство се врати во Кина, соопшти денеска весникот „Саут Чајна Морнинг пост“. Ма, еден од најистакнатите кинески претприемачи, ја напушти Кина на крајот на 2021 година и последните месеци беше виден во Јапонија, Австралија и Тајланд. Кон крајот на 2020 година тој се […]

Свет

Шмит: Време е да заврши процесот на формирање власт во

Високиот меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит денеска предупреди дека е крајно време да се формира влада во таа земја врз основа на резултатите од изборите одржани уште во октомври и ги повика политичките партии да се однесуваат одговорно и на тој начин да обезбедат продолжување на потребните реформи. Во авторски текст за […]

Вести

Пелеши: Сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ испорачуваат слики четири

По лансирањето на сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, изјави албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши. Додаде дека тие може да дадат информации и за приватни компании кои ќе покажат интерес. – Откако ќе ја изградиме процедурата, можеме да сателитите да […]

Свет

Германија застана во времето – се одржува масовниот штрајк на

Во Германија денеска ќе се одржи најмасовниот штрајк во последните три децении, а лидерот на германскиот синдикат за услужни дејности „Верди“, Франк Вернеке, изјави дека штрајкот е прашање на опстанок на илјадници луѓе кои се борат за повисоки плати додека расте инфлацијата. Според најавите на синдикатите, во Германија речиси се ќе запре, пренесува „Дојче Веле“. […]

Свет

Нетанјаху најверојатно ќе ја запре реформата на правосудството по масовните

Израелската влада води дебата за тоа дали да ја замрзне нејзината контроверзна планирана судска реформа, откако вчера, по смената на министерот за одбрана, Јоав Галант, во земјата избија масовни протести, објави денеска „Џерусалим пост“. Десетици илјади луѓе спонтано се собраа во Тел Авив за да протестираат поради тоа што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го разреши […]

Свет

На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати

Карипската островска држава Куба вчера одржа парламентарни избори без ниту еден кандидат на опозицијата, што е вообичаено во земјата од комунистичката револуција во 1959 година. Вкупно 470 кандидати се натпреваруваа за исто толку пратенички места за следниот петгодишен мандат. Сите тие беа однапред одобрени од државните комисии. Од револуцијата во 1959 година, дозволено е да […]

Свет

Пукано врз телевизијата „Топ чанел“, убиено лице од обезбедувањето

Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот. Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето. Возило “Ренџ Ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено. Експресно реагираше албанскиот претседател, […]

Свет

Вo Хрватска протекоа повеќе од 180.000 лични податоци на граѓани

Над 181.000 лични податоци на хрватски граѓани протекоа од компанијата ЕОС Матрикс, која им помага на компаниите професионално да си ги наплатат долговите, а меѓу нив се и податоци на неколку стотици малолетници, што е најголемото протекување на лични податоци досега. Според Индекс, ова е второ големо протекување на податоци по отворената истрага во декември […]

Вести

Грчката претседателка во официјална посета на Србија

На покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу од денеска до среда е во официјална посета на Србија. Со српскиот претседател, во Белград, минатата седмица се сретна министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас.