Иранската војска доби повеќе од 200 дронови

Иранската војска набави повеќе од 200 нови беспилотни летала опремени со системи за електронско војување и ракети, јавија денеска иранските државни медиуми.

Иранскиот министер за одбрана Мохамад-Реза Аштиани на церемонија пренесувана на телевизија му предаде „повеќе од 200 стратешки беспилотни летала со долг дострел“ на началникот на армијата Абдолрахим Мусави, јави новинската агенција ИРНА.

Беспилотните летала од домашно производство, опремени со ракети воздух-воздух и воздух-земја, можат да извршуваат мисии за извидување и напад.

Иран почна да развива програми за дронови во 1980-тите за време на иранско-ирачката војна (1980-1988).

Иран во последно време беше обвинуван дека и доставува на Русија свои дронови за напади во Украина.

Техеран призна дека и доставил беспилотни летала на Москва, но додаде дека тие испораки биле пред почетокот на офанзивата врз Украина. Западните земји воведоа санкции кон Иран поради тоа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *