ОН: Помеѓу 10.000 и 20.000 Суданци побегнале во Чад

Помеѓу 10.000 и 20.000 луѓе побегнале од конфликтот во Судан во соседен Чад, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) чии членови се присутни на границата на двете земји.

– Повеќето од оние што бегаат се жени и деца. УНХЦР тесно соработува со владата на Чад и нејзините партнери за да ги процени нивните потреби и да подготви заеднички одговор, се вели во соопштението.

Источниот дел на Чад веќе примил повеќе од 400.000 судански бегалци и „новите бегалци вршат дополнителен притисок врз јавните служби и ресурсите во земјата“, додаде УНХЦР.

Најитни потреби се вода, храна, засолниште, здравствена заштита, заштита на децата и превенција од родово насилство.

Судирите меѓу армијата и паравоените сили во Судан почнаа пред неколку дена, во екот на борбата за власт меѓу двајцата генерали кои управуваат со земјата од државниот удар во 2021 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *