Вести

Сопственикот на српски „Информер“ оди во затвор

Драган Вучиќевиќ, главен уредник и сопственик на српскиот таблоид Информер е законски осуден за навреда на новинари. Наместо да плати отштета од 200.000 динари, Вучиќевиќ решил да оди во затвор, пишува N1 Србија. Информер е таблоид кој минатата година објави интервју со серискиот силувач Игор Милошевиќ, кое извесен период предизвика протести пред редакцијата.

Балкан

ЕБУ бара помош за спас на РТВ на БиХ

Генералниот директор на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) Ноел Куран го повика неодамна именуваниот состав на Советот на министри да помогне за опстанокот на јавниот државен сервис БХРТ, кој е во финансиски проблеми поради опструкциите од Република Српска. -Бараме ваша итна поддршка за јавниот радио и телевизиски сервис во БиХ. Се надеваме дека вашите неодамнешни назначувања […]

Свет

Јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“ уапсен на аеродромот во Подгорица

Црногорската полиција денеска уапсила маж за кој има сомневања дека е еден од најбараните бегалци во светот. -Станува збор за јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на компанијата „Тераформ лабс“ од Сингапур, соопшти црногорскиот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ, додавајќи дека се уште се чека на официјалната потврда за идентитетот. Министерот Аџиќ […]

Свет

Бајден и првата дама на САД ги поздравија муслиманите со

Претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, ги поздравија муслиманите низ целиот свет за почетокот на Рамазан, „светиот месец на постење, преродба, добротворство, богослужение и развој“. -САД ја потврдуваат подршката на муслиманските заедници кои се судираат со тешкотии и уништивање. Продолжуваме да стоиме со луѓето во Турција и Сирија, кои изгубија многу […]

Вести

Осуда од ЕУ за заканата на Медведев кон Меѓународниот кривичен

Европската Унија ја осудува заканата на високиот претставник на Русија, Дмитриј Медведев, за употреба на сила против Меѓународниот кривичен суд и Холандија, земјата во која се наоѓа таа институција, соопшти денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Во врска со изјавата на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, дека хиперсонична ракета може […]

Свет

Кралот на криптовалутите уапсен во Црна Гора, украл милијарди долари

Еден од најбараните светски бегалци е уапсен во Подгорица, соопшти тамошниот министер за внатрешни работи, Филип Аџиќ. Црногорската полиција приведе лице, кое е осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, коосновач и извршен директор на Terraform Laps, со седиште во Сингапур, напиша Аџиќ. Поранешниот крал на криптовалутите, кој стои зад загуби […]

Свет

Финскиот министер за одбрана против испраќање авиони „Хорнет“ на Украина

Финскиот министер за одбрана Анти Кајконен денеска изјави дека не сака да и донира борбени авиони „Хорнет“ на Украина. – Моето мислење како министер за одбрана на Финска е дека ни требаат овие авиони за да ја заштитиме нашата сопствена земја, рече Кајконен на прес-конференција во Хелсинки. – Негативно ја доживувам идејата дека тие ќе бидат донирани и во […]

Свет

Зеленски го посети Херсон и вети дека „ќе обнови сè“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски престојуваше во јужниот регион Херсон, ја посети локалната инфраструктура и вети дека ќе „обнови сè“ по руската инвазија. Посетата на регионот каде Украина спроведе успешна контраофанзива против руските окупаторски сили на крајот на минатата година беше второ заминување на Зеленски од Киев оваа недела. Вчера тој ја посети армијата во близина […]

Свет

Евростат: Граѓаните на Луксембург најбогати

Последниот извештај на Еуростат покажува дека граѓаните на Луксембург и натаму се најбогати во Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ. Споредено со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на […]

Балкан

Борел: Договорот меѓу Србија и Косово мора да се спроведе,

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска во Брисел изјави дека Охридскиот договор меѓу Косово и Србија е целина што мора да се спроведе и оти е залуден секој обид договорот да се доведе во прашање. – Дозволете ми да кажам дека секој обид да се доведе во прашање договорот […]