Рано изутринава се интензивираа воздушните напади врз цели во суданскиот главен град Картум, јави известувачот на ДПА од теренот, откако обидот да се воспостави 24-часовен прекин на огнот не успеа.
Пукање се слушна и на петтиот ден од борбите меѓу ривалските војски.
Примирјето требаше да започне во вторник во 18 часот и да трае 24 часа.
Неуспешните напори за прекин на огнот го одбележаа третиот неуспешен обид на армискиот началник и де факто водач Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот заменик Мохамед Хамдан Дагло, шеф на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), да ги прекинат непријателствата.
Двајца најмоќнит генерали и нивните трупи се борат за превласт во политички нестабилната земја во североисточна Африка.
Тие двајца владеат со земјата со околу 46 милиони луѓе, богата со злато и нафта, од воениот удар во 2021 година.