Членовите на мексиканскиот безбедносен кабинет ќе разговараат оваа недела во САД со американски официјални претставници за спречување на шверцот на синтетичкиот опијат фентанил, изјави денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Тој додаде дека на состанокот ќе се разговара и за други теми, вклучително и трговијата со оружје. Членови на американскиот парламент ја повикуваат администрацијата на Џо […]
За моменталната ситуација во Украина, за грчката поддршка и безбедносната соработка, меѓу другото, телефонски разговарале украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на Украина преку Твитер соопшти дека во телефонскиот разговор, на Мицотакис му ги опишал ситуацијата на бојното поле и актуелните одбранбени предизвици со […]
Специјалниот пратеник на Соединетите американски држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре ќе допатува во официјална посета на Албанија. Според медиумите тој ќе престојува од 11 до 13 месецов, а посетата се случува во пресрет на изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај. Утре попладне Ескобар ќе оствари средба со […]
Тримесечното бело тигарче кое пред шест седмици во лоша состојба беше напуштено пред Зоолошката градина во Атина, и покрај напорите на ветеринарите во изминатиот период, не успеа да се излечи,а поради сериозните здравствени проблеми, евтаназијата беше единственото решение, јави дописничката на МИА од Атина. -Малата Хасија денеска безболно си замина во просторот каде што живееше во […]
Шест лица загинаа денеска меѓу кои и еден полицаец, во вооружен инцидент во центарот на американскиот град Луисвил, во сојузната држава Кентаки, јави Си-ен-ен. Во престрелката помеѓу напаѓачот и полицијата повредени се шест луѓе. Според Си-ен-ен, напаѓачот е убиен. Полицијата упати предупредување до жителите да не се приближуваат до тој дел од градот.
Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска објави дека итно ѝ се потребни 800 милиони долари за помош на Авганистан во следните шест месеци бидејќи таа земја е во најголема опасност од глад во изминатите 25 години. Од враќањето на талибанците на власт во 2021 година, хуманитарните агенции им обезбедуваа на Авганистанците храна, образование […]
Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека не разговарале за бесплатно обезбедување бугарски борбени авиони МиГ-29 за Украина. Ова го посочува прес-центарот на Министерството по повод веста на Си-Ен-Ен, според која Бугарија изразила подготвеност да и подари борбени авиони на Украина. Медиумот се повикуваат на документи на Пентагон објавени на социјални мрежи. Според документот, Бугарија на […]
Обвинителството на Босна и Херцеговина формира неколку случаи против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за негирање на геноцидот во Сребреница. Обвинителството на БиХ работи на неколку случаи во кои е вмешан Милорад Додик, во својство на пријавено или осомничено лице. Обвинителите ги проверуваат наводите од пријавите, по што ќе бидат донесени одлуки за иницирање или не […]
Американскиот претседател Џо Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека „сè уште не е подготвен да го објави тоа“. За време на неформален разговор при велигденската церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на колку настани има намера да учествува во претседателската резиденција, тој рече дека […]
Во рудникот „Трепча Југ“ од синоќа околу 50 рудари се заробени на 900 метри под земја. Рударите се заробени 12 часа, а причината е проблем со струјата, јави порталот Лајми, пренесува Косово онлајн. Според порталот, рударите од ноќната смена, кои почнале со работа на полноќ, останале заробени во рударското окно. “Во моментов состојбата е добра. […]