Заменик-амбасадорот на Кина во Обединетите нации, Даи Бинг, денеска на Генералното собрание по повод годишнината од војната во Украина изјави дека „бруталните факти даваат доказ дека испраќањето оружје нема да донесе мир“. Главниот приоритет на Пекинг е да постигне прекин на огнот без одлагање, додаде Даи, велејќи дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога […]
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја повика глобалната заедница да испрати јасен сигнал за крај на војната речиси една година по почетокот на руската инвазија врз Украина. – Денес секој од нас треба да избере: Да застане изолиран со угнетувачот – или да се обедини за мир, рече таа за време на нејзиниот […]
Хеликоптер во кој се наоѓаше иранскиот министер за спорт се урна денеска во градот Бафт во јужната провинција Керман, а во несреќата загинал еден од неговите советници, јави агенцијата ИРНА. Повредени се 16 лица, меѓу кои и министерот Хамид Саџади и четворица членови на екипажот. Несреќата се случила кога хеликоптерот слетал на стадионот во Бафт. […]
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Западот ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно, но не би било „паметно“ за Киев да го користи оружјето кое го добива за да ја нападне руската територија, објави Ројтерс. Во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ, Шолц рече дека испраќањето авиони во Украина за борба […]
Министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји (Г7) денеска го повикаа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да обезбеди нов пакет помош за Украина до крајот на март. – Ги повикуваме ММФ и Украина да воспостават кредибилна, амбициозна, целосно финансирана програма со соодветни услови до крајот на март 2023 година, се вели во заедничката изјава од […]
Албанското министерство за финансии и економија објави дека јавниот долг минатата година забележал намалување за 4.221 милиони лека односно за 4,4 отсто споредено со претходната година. -Според показателите на Министерството за финансии и економија, јавниот долг достигнал 1.378.400 милиони лека, од 1.382.625 милиони во 2021 година. Тоа потврдува дека јавниот долг за првпат бележи намалување […]
Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше поранешниот извршен директор на „Мастеркард“ (Mastercard), Аџеј Банга, за нов шеф на Светската банка, јави ДПА. Тој е „уникатно подготвен да ја води Светската банка во овој критичен момент од историјата“, рече Бајден денеска во Белата куќа. Овој менаџер со индиско-американско потекло во моментов е заменик-претседател на компанијата „Џенерал […]
Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој ја нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировни преговори. „Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е […]
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата видела знаци дека Кина размислува за испорака на оружје за Русија и го предупреди Пекинг да не презема такви чекори. Изјавата дојде неколку дена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја предупреди Кина за последиците доколку обезбеди материјална поддршка за руската инвазија на Украина. „Не […]
Седницата на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Биена почна без присуство на украинската делегација, која како навреда го оцени најавеното присуство на руски пратеници на седницата. Дводневната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која се совпаѓа со првата годишнина од руската инвазија на Украина, е засенета од […]