Кинескиот претседател Си Џинпинг наскоро може да ја посети Русија, јави денеска Вол Стрит Џурнал. Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во ставањето крај на конфликтот во Украина, а извори запознаени со плановите за патување на кинескиот претседател рекоа дека кинескиот Си планира да се заложи за мултилатерални мировни преговори за време на […]
Договорот „Нов СТАРТ“, чие прекинување на учеството од страна на Русија денеска го најави претседателот на таа држава Владимир Путин, се однесува на намалување и контрола на стратешкото нуклеарно вооружување. Договорот ги обврзува Москва и Вашингтон на максимум 1.550 стратешки нуклеарни боеви глави на распоредени интерконтинентални балистички ракети или распоредени балистички ракети на подморниците, максимално […]
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Групата седум (Г7) соопштија денеска дека нивните земји ќе продолжат да наметнуваат економски санкции кон Русија и ја повикаа меѓународната заедница да го осуди „бруталниот експанзионизам“ на Москва. Во соопштението на Г7 се наведува дека најбогатите земји ќе продолжат да наметнуваат дополнителни економски санкции за поединци и ентитети […]
Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска изјави дека светската заедница повеќе пати го повикуваше рускиот претседател Владимир Путин да не прибегнува кон нуклеарни закани во конфликтот со Западот поради војната во Украина. Говорејќи за време на посетата на областа на Турција уништена од неодамнешните земјотреси, Бербок, исто така, кажа дека одлуката на Путин да […]
Посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Полска е важен знак на посветеноста за зачувување на безбедноста во Европа, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда. – Вашата посета е важен знак за безбедноста, сигнал за одговорноста на САД за безбедноста на светот и Европа. Америка може да го зачува светскиот поредок, рече Дуда за време […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден на денешната средба со својот полски колега Анджеј Дуда го опиша НАТО како „можеби најпостојаниот сојуз во историјата“ и рече дека Алијансата е посилна од кога било и покрај надежите на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе се распадне поради на војната во Украина. Бајден, исто така, ја потврди посветеноста на […]
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека на денешната средба со претставници на НАТО и на Европската Унија разговарале за набавка и производство на оружје за неговата земја. – Разговаравме како да набавиме оружје и муниција на ефикасен начин и како да ги доставиме на бојното поле, рече Кулеба на заедничката прес-конференција со […]
Ќе побарам одговорност од виновниците за повеќе од 40.000 загинати во разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Наша должност е престапниците да ги изведеме на одговорност пред законот, рече Ердоган за време на посетата на јужната провинција Османија, пренесоа британските медиуми. Во разурнувачките земјотреси на 6 февруари […]
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека крајот на војната го гледа така што рускиот претседател Владимир Путин „ја прекине својата војна“, а Украинците ќе ја одбранат својата татковина. -Русите се борат за пари, а ние ги браниме нашите семејства, нашите деца, иднината на нашата татковина и имаме добра мотивација. Украинските војници го изненадија […]
Одлуката на Русија да го суспендира членството во договорот за контрола на нуклеарното оружје е неодговорна и САД внимателно ќе следат што прави Москва, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен. -Најавата на Русија за суспендирање на нејзиното членство е длабоко несреќна и неодговорна, изјави Блинкен во Атина. „Внимателно ќе следиме што конкретно прави Русија. […]