Загинат е и пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воено воздухопловство, што во понеделникот се урна во Јонското Mоре, според соопштението на Генералштаб на военото воздухопловство, што го пренесуваат грчките медиуми. Според истите информации, операцијата за спасување и потрага по 31-годишниот пилот завршила, а од пронајдените остатоци и анализата била потврдена смртта. Авионот се […]
Претседателот на албанската Централната изборна комисија, Илирјан Целибаши, информираше дека по добиените дополнителни средства од владата, на локалните избори во мај годинава електронско гласање ќе има во три општини. -Донесовме одлука, на 14 мај, во три општини Вора, Камез и Елбасан, од вкупно 61 општина, да има електронско гласање и пребројување на гласовите. Со тоа […]
Поранешниот украински министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека припадници на службата за безбедност денеска извршиле претрес во неговиот дом како дел од истрагата за купување хеликоптери „Ербас“, јави „Украинска правда“. Хеликоптер „Ербас“ се урна на 18 јануари, при што загинаа 14 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски и други […]
Новоизбраниот чешки претседател Петр Павел денеска изјави дека на Украина треба да ѝ се дозволи влез во НАТО „штом војната ќе заврши“. Павел, пензиониран генерал на НАТО, изјави за Би-би-си дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да ѝ се приклучи на алијансата кога ќе заврши конфликтот. Во своето прво интервју како претседател за […]
Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави агенцијата Бета. – Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм. […]
Баба од Јужна Каролина е уапсена откако наводно му помогнала на нејзиниот внук Рајан О’Нил Вудраф да го прикрие убиството на 19-годишна девојка, соопштија властите. Една Феј Даниелс (78) е уапсена во петокот, на 27 јануари, врз основа на докази за прикривање на убиство извршено во нејзиниот дом. Таа беше уапсена под обвинение за помагање […]
Актерите и театарските работници во Грција, организирани од нивните здруженија и федерации од денеска почнаа 48-часовен штрајк во знак на протест против предлог-законот на Владата што се однесува на нивниот сектор, објавија грчките медиуми. Од федерациите сметаат дека со новиот закон платите на актерите нема да се одредуваат од колективните договори, туку од Владата, но […]
Илјадници работници на „Боинг“ од целиот свет, како и гости меѓу кои и холивудскиот глумец Џон Траволта, присуствуваа на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „747“ произведен во фабриката на авиокомпанијата северно од Сиетл, САД. Џон Траволта, кој е обучен да управува со „Боинг 747“, како и со „707“ и „737“, одржа говор и го […]
Една патничка починала откако и се слошило во авион кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, изјавија утрово од службата за Брза помош. Авиот од Келн принудно слетал во Белград во 22:24. Авионот летал за Ниш. Како што дознаваат српските медиуми, се работи за 68-годишна патничка. -Беше започната реанимација. Нашата екипа дојде, учествуваше во реанимација, […]
Шеесет и осумгодишна жена починала за време на летот од Келн за Ниш, соопштија утрово за „Танјуг“ од Итната помош во Србија. Оттаму додаваат дека нивните екипи биле повикани да интервенираат синоќа во 22 часот и 24 минути кога авион принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград бидејќи на патник му се слошило.