ГАЗАТ НИЗ ЦРНИТЕ ВРЕЌИ СО ТЕЛА ЗА ДА МОЖАТ ДА ГИ НАЈДАТ БЛИСКИТЕ – кога еден човек го прочитал името кое го барал се скупчил и не се помрднал

Вистински пекол преживуваат овие денови граѓаните на најголемата турска провинција која беше погодена од силниот смртоносен земјотрес во понеделник рано утрото.

Преживеаните буквално како да сонуваат кошмар веќе неколку денови по ред, мртви тела насекаде, нивните домови повеќе не постојат, а најтажното што некои луѓе ги изгубиле и целите семејства под рушевините.

На празните простори, стадионите, спортските сали и поголемите паркови се редат безживотните тела кои се илјадници и илјадници на број, а на телата завиткани во црни вреќи или ќебиња има само ливчиња за идентификација.

Една новинарка во Антакија сведочи за потресна сцена кога еден човек се скупчил пред вреќата кога го препознал името на неговиот близок загинат.

-Видовме како седи покрај вреќата и плаче, одбиваше да си оди и да стане, вели новинарката.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *