ФОТО: Спасен маж, два дена лежел покрај безживотното тело на сопругата под урнатините, му загинале и двете ќерки

Маж кој бил жив под урнатините покрај починатата сопруга бил спасен во Турција по 48 часа.

Сликите од местото на спасувањето во турската провинција Хатај покажуваат маж заробен меѓу падната бетонска плоча, подот и безживотното тело на неговата сопруга.

Спасувачите успеале да стигнат до Абдулалим Муаини кој им ја подава својата рака. Бил извлечен од урнатата зграда, заедно со телата на неговата сопруга и двете ќерки, кои исто така загинаа.

Бројот на загинати лица во земјотресот во Турција и Сирија надмина 15.000.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *