Свет

Најмалку 28 загинати во нападите на исламистите во Буркина Фасо

Најмалку 28 лица вклучувајќи војници и цивили загинале во два одвоени напади на вооружени лица во Буркина Фасо, соопштија регионалниот гувернер и армијата. Армијата соопшти дека борбената единица во Фалангуту, на северот на земјата во близина на границата со Нигер, била нападната и загинале 10 војници, двајца доброволци и еден цивил. По нападот, како што […]

Свет

Тајванскиот нов премиер положи заклетва по реконструкцијата на кабинетот

Поранешниот потпретседател Чен Чиен-Чен денеска положи заклетва како нов премиер на Тајван за да го предводи новоформираниот кабинет додека владејачката Демократска напредна партија се обидува да ја врати власта во земјата по неуспехот на локалните избори во ноември. Поранешниот премиер Су Ценг-чанг вчера им наложи на членовите на неговиот кабинет да поднесат оставки во големата […]

Свет

Папата Франциск заминува на шестдневно патување во ДР Конго, Јужен

Папата Франциск денеска ќе замине на своето прво меѓународно патување оваа година – шестдневна посета на Демократска Република Конго и Јужен Судан. Првата дестинација на римокатоличкиот понтиф е главниот град на Конго, Киншаса, каде што ќе остане до петок. Франциск потоа планира да замине за Џуба, главниот град на Јужен Судан, пред да се врати […]

Свет

Руте: Франција и Холандија се договорија за начините како ЕУ

Франција и Холандија се на иста позиција кога станува збор за начините за дејствување на Европската унија во случај на несакани последици од Законот за намалување на инфлацијата, кој стапи на сила во САД, изјави премиерот на Холандија, Марк Руте, по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон. „Се договоривме прво внимателно да испитаме кои […]

Свет

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на

Министерката за развој на Германија, Свења Шулце денеска изјави дека германската Влада ќе обезбеди 222 милиони долари (204 милиони евра) за Бразил за заштита на животната средина. Од вкупната сума, 38 милиони долари се донација на Фондот за заштита на Амазон, што претставува најголем придонес за зачувување на амазонската прашума. – Со новата Влада и […]

Свет

Напад со нож во Брисел, повредени неколку лица

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во напад со нож денеска во Брисел на метро станица во близина на европските институции, соопшти белгиската полиција. Нападот бил извршен на метро станицата „Шуман“, а соработката на неколку полициски служби овозможила брзо апсење на напаѓачот, објави на Твитер градоначалникот Филип Клосе. Првично беше објавено дека е […]

Свет

Макрон не исклучува можност за испраќање борбени авиони за Украина

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека „нема да ја исклучи“ можноста за испраќање борбени авиони во Украина, но предупреди на ризик од ескалација во конфликтот. „Во принцип, ништо не е исклучено“, рече Макрон по разговорите со холандскиот премиер, Марк Руте, на прашањето дали постои можност за испраќање борбени авиони за Киев како поддршка на борбата […]

Балкан

Потпишан финалниот договор тежок две милијарди евра за изградба на

Најголемото албанско пристаниште Драч е подготвено да го започне процесот на изградба откако попладнево Владата и компанијата „Игл Реал Естејт Девелопмент“ го потпишаа конечниот договор со кој се завршени сите законски процедури, јави Топ чанел. Вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку рече дека ова е најголемиот проект во албанската економија со инвестиција од 2 […]

Свет

Франција и Австралија се договорија да произведуваат гранати од 155

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну по денешната средба со неговиот австралиски колега Ричард Марлс изјави дека Франција и Австралија се договориле да соработуваат за производство на „неколку илјади“ проектили од 155 милиметри за Украина. Тоа е прва средба на високо ниво откако Канбера се откажа од договорот за купување на 12 француски подморници на […]

Свет

Украинската влада со забрана: Функционерите нема да одат на одмор

Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и жени, да одат на одмор во странство за време на руската инвазија, поради неодамнешните скандали со украински функционери. „Одлуката на украинската влада веќе стапи на сила“, изјави портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко, додавајќи дека службениците можат да заминат во странство како […]