Папата упати молитви за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Папата Франциск денеска ги упати своите молитви за илјадниците жртви од земјотресот во Сирија и Турција и ја повика меѓународната заедница да продолжи да ги поддржува напорите за спасување.

-Се молам за нив и сакам да кажам дека сум близок со овие луѓе, со семејствата на жртвите и со сите кои страдаат од оваа разурнувачка катастрофа, рече тој.

„Им благодарам на оние кои нудат помош и сите ги поттикнувам да покажат солидарност со овие земји, од кои една веќе беше погодена од долга војна“, додаде Светиот Отец на крајот од својата неделна аудиенција во салата Павле VI во Ватикан.

Семејствата во јужна Турција и Сирија минаа втора ноќ на студот додека преоптоварените спасувачи се тркаа со времето и извлекуваа луѓе од урнатините, два дена по силниот земјотрес во кој досега се загинати повеќе од 9.600 лица.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *