ФОТО: Стадионите во Турција станаа населби, поставени над 50.000 шатори за сместување на жртвите од земјотресот

Управата за вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека е завршено поставувањето на станбени шатори во подрачјата погодени од земјотресите во Турција, јавува Анадолија.

Досега се поставени вкупно 50.818 големи семејни шатори за сместување на жртвите од земјотресот.

Една од шаторските населби беше поставена на стадионот во Кахраманмарас.

-Исто така, вкупниот број на персонал за пребарување и спасување во регионот составен од персонал од АФАД, Жандармеријата, Министерството за одбрана, Противпожарните бригади, Министерството за образование, невладини организации и волонтери е 79.110. Во подрачјата погодени од земјотресите се испратени и 5.309 лица кои дошле на помош од други земји, се наведува во соопштението.

Во погодените подрачја испратени се вкупно 5.402 возила – багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, камиони за вода, приколки и други возила.

-Вкупно десет бродови – девет бродови на командата на поморските сили и еден брод на командата на крајбрежната стража, беа испратени во регионот заради транспорт на персонал, материјали и евакуација, соопшти АФАД.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *