Над 9.500 загинати во катастрофалниот земјотрес

Бројот на загинати од катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија се искачи на повеќе од 9.500, покажуваат новите податоци од разурнатите области каде спасувачките тимови работеа во текот на ноќта со надеж дека ќе извлечат што повеќе преживеани.

Турската агенција за управување со катастрофи денеска соопшти дека бројот на загинати се искачи на 7.108, со што вкупниот број во двете земји е 9.638, кога ќе се вклучат бројките од Сирија.

Силен земјотрес ги погоди двете земји во понеделникот и беше проследен со бројни последователни потреси.

Бројот на загинати во областите на Сирија под контрола на владата се искачи на 1.250, а 2.054 се повредени, според Министерството за здравство, додека најмалку 1.280 луѓе се загинати во северозападниот дел на земјата, контролирана од бунтовниците, според Белите шлемови, спасувачка организација во областа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе го посети местото каде беше епицентарот на земјотресот и најпогодената провинција Хатај.

Турција сега има околу 60.000 спасувачи во зоната погодена од земјотресот, но многу граѓани се уште чекаат да пристигне помош.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *