Претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ денеска изјави дека власта во Србија покажала целосна неспособност да се соочи со косовскиот проблем, но дека се уште има простор да се бара компромисно решение. Тадиќ за телевизијата Н1 изјави дека треба да има национален консензус за изнаоѓање компромисно решение и дека во тоа треба да учествуваат […]
Заменик-главниот обвинител на Украина, Олексеј Симоненко е разрешен од функцијата, соопшти канцеларијата на главниот обвинител. Во изјавата со која се најавува неговото разрешување не се наведени причините за одлуката, но се вели дека тоа е „во согласност со неговите сопствени желби“. Претходно оставки поднесоа помошникот на Зеленски, Кирило Тимошенко и заменик министерот за одбрана Вјачеслав […]
Сараево денеска е најзагаден град во Босна и Херцеговина и еден од најзагадените во светот со индекс на квалитет 266, кој спаѓа во категоријата многу нездраво за населението. Позагадени градови од Сараево се Дака, Бангладеш, Лахоре, Пакистан и Багдад. Во такви услови, лицата со респираторни заболувања, како што е астмата, може да доживеат значително зголемување […]
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто изјави дека Хелсинки мора да размисли за влез во НАТО без Шведска, откако Турција соопшти дека нема да го поддржи влезот на Шведска во Алијансата. Турција е лута по протестот пред турската Амбасада во Стокхолм каде, меѓу другото, беше запален куран. Хависто сепак додаде дека заедничкиот пристап е […]
Франција, под притисок на хуманитарните организации, денеска врати во земјата 15 жени и 32 деца кои беа затворени во кампови за екстремисти на североистокот на Сирија. Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека малолетниците ќе бидат предадени на службите задолжени за помош на децата и ќе бидат под медицински и социјален надзор, додека возрасните ќе […]
Лажни биле дојавите за поставени бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина, објави грчката новинска агениција АНА-МПА. Рано утрово биле испратени мејловите до аеродромот и шесте болници, пишувало дека се поставени бомби, по што полицијата веднаш извршила проверка, но не било пронајдено ништо сомнително.
Италијанската полиција на Сицилија го уапси Андреа Бонафеде, човек кој му го позајмил својот идентитет на еден од најбараните италијански мафијашки шефови, Матео Месина Денаро, кој се криел од законот 30 години до неговото апсење во Палермо минатата недела. Благодарение на Бонафеде, Месина Денаро „можеше слободно да се движи во Италија, да го избегнува законот […]
Кирило Тимошенко, заменик-шефот на администрацијата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, поднесе оставка. „Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута“, напиша Тимошенко на Телеграм објавувајќи фотографија со напишаната оставка. Според извори на некои украински медиуми, неговото место би можел да го заземе шефот на управата […]
Сексизмот во Франција и понатаму е на алармантно ниво во сите области, а ситуацијата се влошува, особено за помладите жени, се наведува во официјалниот извештај на францускиот Висок совет за еднаквост меѓу мажите и жените (ХЦЕ). Во извештајот на ХЦЕ се посочува дека жените се цел на нови форми на вознемирување, вклучително и онлајн насилство, […]
Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, Лазарус и АПТ38, се одговорни за кражба на 100 милиони долари од американската крипто компанија Хармони, во јуни минатата година, соопшти Федералното истражно биро. Овие хакерски групи на 13 јануари користеа протокол за приватност наречен „Railgun“ за да „исперат“ повеќе од 60 милиони долари од етер криптовалутата, присвоена […]