Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција, откако поминале 198 часа под урнатините, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Двете лица беа извлечени од урнатините во областа Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси со јачина од 7,7 и од 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари. Еден од спасените е 17-годишно […]
Едно лице загина, две се во критична состојба, а други осум се повредени кога маж, кој возел пик-ап, неколку пати удрил во пешаци на различни места во Њујорк, соопшти локалната полиција. Инцидентите се случиле во Бруклин. Возачот на изнајменото возило одбил да застане откако удрил неколку лица. Следела бркотница со полицијата, при што возачот удрил во […]
Двајца поранешни борци на руската приватна воена компанија „Вагнер“ за Си-Ен-Ен раскажаа за нивните ужасни искуства на бојното поле во источна Украина и за тоа дека командантите веднаш би ликвидирале секој што се колебал. Двајцата борци беа заробени од украинските сили кон крајот на минатата година. Си-Ен-Ен не го открива нивниот идентитет заради нивна безбедност. […]
Во експлозија на гас во предградие на Отава, главниот град на Канада, повредени се 12 лица, меѓу кои две деца, а две лица со тешки повреди морале да бидат извлечени од урнатините, соопштија официјални претставници. Во експлозијата што се случи утринава по локално време, целосно се уништени четири куќи во изградба, а оштетени се и […]
Сензори од наводниот кинески шпионски балон соборен над САД се пронајдени од Атлантскиот Океан, соопшти американската војска. Екипите за пребарување пронајдоа „значителни остатоци, вклучително и идентификувани делови од сензори и електроника“, соопшти војската на САД. ФБИ ги испитува предметите за кои САД тврдат дека биле користени за шпионирање на чувствителни воени локации. САД соборија уште […]
Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг. Нападот се случил нешто по 20:00 часот по локално време (01 GMT) во зграда на универзитетот. – Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука, рече Крис […]
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја поздрави одлуката на сирискиот претседател Башар Ал Асад да ги отвори двата премини Баб ал-Салам и Ал Раи за да се овозможи испорака на хуманитарна помош од Турција до деловите на северозападна Сирија кои се под контрола на бунтовниците. – Додека бројот на жртвите од земјотресот на 6 февруари продолжува да расте, […]
Нов договор за решавање на спорот меѓу Велика Британија и Европската Унија околу трговските правила во Северна Ирска по Брегзит би можел да биде објавен за две недели, објави Телеграф. Според новиот план, стоките што патуваат од Велика Британија до Северна Ирска нема да бидат предмет на физичка царинска контрола благодарение на системот на црвени […]
Најмалку 19.300 жртви од земјотресот се згрижени во болниците во Турција, соопшти денеска Министерството за здравство. Меѓу нив има 3.636 лица кои се на одделенијата за интензивна нега, соопшти Министерството. Најмалку 8.851 пациент морале да бидат оперирани, а дел од нив веќе се отпуштени, јавува агенцијата Анадолија. Бројот на загинати во земјотресот со јачина од […]
Романија денеска ја погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а сеизмологот Славица Радовановиќ од Србија вели дека овој земјотрес бил плиток и не бил силен. „Според моето искуство, не само што не би рекла дека е главен, ова е само еден сегмент од долготрајната подготовка за голем земјотрес во Романија“, изјави […]