САД ќе испратат во Украина нов пакет воена помош, вреден 350 милиони долари

САД се подготвени да испратат нова помош за Украина, вредна 350 милиони долари, а ќе се состои од оружје и опрема, соопштија денеска американските власти.

Најавата за новиот пакет помош доаѓа во време на жестоки борби со руските сили за контрола на градот Бахмут.

Помошта ќе се состои од големо количество разни видови муниција, чии детали ќе бидат соопштени подоцна.

Официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни, наведоа дека помошта ќе дојде од залихите на Пентагон, што ќе ѝ овозможи побрзо да стигне до линиите на фронтот.

САД досега во Украина испратија воена помош во вредност поголема од 32,5 милијарди долари.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *