По силниот земјотрес кој ја погоди Романија, следувале уште два, јавуваат српските медиуми. Првиот потрес и најсилен бил со јачина од 5,3 степени по рихтеровата скала, а потоа следувале уште два. Едниот со силина од 3,3 степени, а последниот со 3 степени според рихтеровата скала. Се уште нема никакви информации за човечки жртви или материјални […]
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги отфрли наводите за зголемен прилив на бегалци од Сирија во Турција, нагласувајќи дека некои гранични премини се отворени во еден правец за испраќање хуманитарна помош во Сирија. „Информациите дека бегалците се повеќе пристигнуваат од Сирија не се точни“, рече Чавушоглу. Одговарајќи на наводите за голем проток на […]
Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди денеска Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил во Крајова, Романија. Медиумите јавуваат дека дел од луѓето излегле на улица.
Во двата разорни земјотреси кои се случија на 6 февруари во Турција и Сирија загинаа повеќе од 35 илјади луѓе, а во двете земји над 10 илјади луѓе се повредени. Повеќе илјади објекти се срамнети со земја, а спасувачките екипи од целиот свет и понатаму деноноќно трагаат по преживеаните под рушевините. Kahramanmaraş’ta depremde hasar gören […]
Фотографии за паметење доаѓаат денес од Турција. Иако шансите да се најде некој жив значително се намалуваат од час во час, неколку луѓе се спасени повеќе од една недела по страшниот земјотрес. Можеби најтрогателните фотографии доаѓаат од Хатај, провинцијата каде што спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на станбена зграда. , Нејзиното име е Серап […]
Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во централниот дел на Турција. Информациите говорат дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 38 километри источно од градот Османлија. Повеќе од 35.000 луѓе ги загубија животите во земјотресот која во понеделникот ги потресе Турција и соседна Сирија.
Катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија досега зеде повеќе од 30.000 животи, а меѓу жртвите има и многу спортисти. Меѓу оние што настрадаа е и младата кошаркарка Нилај Ајдоган, чија судбина е срцепарателна. Нилај беше пронајдена мртва при расчистувањето на урнатините во Малатија. Турската репрезентативка во кошарка 3 на 3 и студентка на Универзитетот […]
Осми ден спасувачите се тркаат со времето и бараат преживеани под урнатините Повеќе од 38.000 луѓе загинаа во земјотресот во Турција и Сирија, а додека десетици илјади луѓе беа повредени. Осми ден спасувачите се тркаат со времето и бараат преживеани под урнатините. Три сириски деца биле пронајдени под урнатините покрај нивната мртва мајка, каде што […]
Кина денеска соопшти дека американските балони го нарушиле нејзиниот воздушен простор десетина пати од почетокот на 2022 година, објавувајќи ја оваа информација во време на тензии меѓу Пекинг и Вашингтон откако кинески балон прелета над територијата на САД. На почетокот на февруари, американската војска собори кинески балон за кој Пентагон рече дека е шпионски и […]
На спасувачките екипи во Турција сѐ поголем проблем ствараат судирите на локалното население, со користење на огнено оружје, кражби и интервенции на војската, потврди за хрватските медиуми телефонски, командантот на хрватскиот тим спасувачи. Тој вели дека тешко е да се работи без придружба од полицијата или војската и дека во близина каде работел хрватскиот тим […]