Свет

Решавање на кипарското прашање приоритет за новиот претседател на Кипар

Моја најголема грижа е да се стави крај на турската окупација и повторно да се обедини нашата татковина. Ќе направам сѐ за одново да започне дијалогот, за да се создадат услови за решавање на кипарскиот проблем, рекол новиот претседател на Кипар, Никос Христодулидис за време на синоќешната инаугурација. Поранешниот шеф на кипарската дипломатија победи на […]

Свет

Повеќе од 36.000 луѓе загинаа во земјотресите во Турција и

Бројот на загинати во Турција и Сирија по катастрофалните земјотреси во понеделникот достигна најмалку 36.217 жртви. Бројот на загинати во Турција достигна 31.643, соопшти денеска турскиот координативен центар за вонредни состојби САКОМ. -Потврдениот број на загинати во Сирија е 4.574. Тој број вклучува повеќе од 3.160 во деловите на северозападна Сирија кои се под контрола на бунтовниците, според Министерството за […]

Свет

Потресна порака од Сирија: „Мртви сме, ви благодариме што нè

Преживеаните во Сирија се обидуваат да го свртат вниманието на последиците од земјотресот и фактот дека помошта не стигнува до нив поради санкциите на ЕУ. Вработените во итната помош предупредија дека доцнењето може да ги чини живот бидејќи локалните спасувачки тимови се борат да ги извлечат семејствата и децата од урнатините. Очајните преживеани од разорниот […]

Свет

Почина кучето што спаси две лица во Турција: Херојот бил

Протео, кучето кое пронајде две лица под урнатините на Турција, почина вчера додека трагаше по преживеани, соопшти мексиканското Министерство за одбрана (СЕДЕНА). „ Припадниците на мексиканската армија и воздухопловните сили длабоко жалат за загубата на нашиот другар Протео. Ја исполни својата мисија како член на мексиканската делегација за пребарување и спасување во Турција. Ти благодариме […]

Свет

Човек запеа од радост кога го извлекоа од урнатините (ВИДЕО)

Маж кој помина 140 часа под урнатините во турскиот град Кахраманмараш пееше од радост кога спасувачите го извлекоа на безбедно. Спасувачите комуницирале со Мухамед Хабиб преку дупка што ја направиле во урнатините на зградата што се урна врз него поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во понеделникот. На видеото се гледа како 27-годишниот пее […]

Свет

Кина испраќа помош, но не и нови тимови во областите

Пекинг денеска испрати втор контингент помош во северозападна Сирија, но на спасувачките тимови кои се уште не отишле во областите на катастрофата им порача да ги откажат патувањата. Во меѓувреме, кинеското друштво на Црвениот крст испрати нови залихи помош, вклучувајќи памучни шатори, јакни и медицински материјали. Кина веќе им даде финансиска помош на Турција и Сирија и […]

Балкан

Грчките спасувачки тимови се вратија од Турција

Со аплауз, доцна синоќа, на атинскиот аеродром биле пречекани грчките спасувачки тимови, кои се вратија од Турција, откако изминатата седмица помагаа во потрагата и спасување по силниот земјотрес што ја погоди земјата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Припадниците на спасувачките тимови биле пречекани и поздравени од министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилианидис […]

Македонија

Во изминатото деноноќие произведени се 22.933 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 12.02.2023 година произведе 22.933 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти. Во Термоелектраните произведени се 16.502 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.431 MWh. * Податоците се преземени […]

Свет

Шпанскиот режисер Карлос Саура ја доби почесната награда „Гоја“ ден

Шпанската филмска академија му укажа последна почест на покојниот шпански режисер Карлос Саура на доделувањето на наградите „Гоја“ во саботата. Саура, имено, кој почина ден претходно, во петокот, на 91-годишна возраст, требаше да ја прими почесната награда „Гоја“ за животни достигнувања. Нему тоа признание му беше доделено постхумно, а одличјето го прими неговата вдовица Еулалија […]

Свет

ХОРОР: Три деца повредени во напад со секира и нож

Тројца ученици се повредени денеска во основно училиште во Казахстан во напад со секира и нож, а напаѓачот – ученик е приведен, соопштија властите. Ученикот излегол од тоалетот со нож и секира, изјави службеник во Петропавловск, град со околу 200.000 жители во близина на руската граница, објави официјалната новинска агенција Казинформ. Според тој извор, две […]