МИНАТА ОД РИЕКА СОДРЖЕЛА 690 КИЛА ЕКСПЛОЗИВ: Ова е моментот на уништувањето (ВИДЕО)

Откако противбродската мина, оставена во пристаништето Риека од Втората светска војна, успешно беше уништена со експлозив на безбедна локација во заливот Риека, во 14 часот и 45 минути се огласија сирените за крај на опасноста и завршување на акцијата за отстранување и неутрализирање на мината.

Како што информираат од Штабот за цивилна заштита на градот Риека, звукот на сирената што означи крај на опасноста означи и крај на забраната за престој во црвената зона на потенцијална непосредна опасност во близина на пристаништето Риека. Мината била од германско производство, имала 690 килограми експлозив, заедно со алуминиумската обвивка тежела околу 1100 килограми, а делумно била затрупана на длабочина од 19 метри.

Ваква мина долга 298 сантиметри, со пречник од 70 сантиметри, може да направи големи штети, а при операцијата за извлекување беше опасна се до пристаништето Риека, беше потенцирано попладнво на прес-конференција во Риека по успешното завршување на операцијата за отстранување и неутрализација на минита.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *