Вучиќ пред српските медиуми: Косово не е држава, не можеме да потпишеме правен договор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се појави пред медиумите во Белград да појасни дека не го потпишал анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите со Косово, „бидејќи Србија е меѓународно призната држава, додека Косово не е“ затоа, според него, не може да се постигне меѓународен правен договор.

„Не потпишав поради неколку работи. Србија е меѓународно-правно призната држава, а она што тие го нарекуваат Република Косово, за мене не е. Поради тоа не сакам да правам меѓународно-правни договори со Република Косово. Се разбира, во формално-правна смисла, тешко ќе покажете дека договор постои без потпис, но после секој самит, за секој случај, недвосмислено зборувам за нашите црвени линии кои значат дека нема да ја признаеме косовската независност, ниту да прифатиме членство на Косово во ОН“, вели ВУчиќ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *