Неколку стотици муслимани во Индонезија се собраа пред шведската Амбасада во Џакарта во знак на протест против палењето на копии на Куранот во Шведска и Холандија. По тој повод демонстрантите ги запалија портретите на данскиот антиисламски активист Расмус Палудан, како и знамињата на Шведска, Данска и Холандија. Локалните власти ги блокираа улиците што водат до амбасадата, каде што беа […]
Меѓународниот монетарен фонд денеска малку ги зголеми изгледите за глобалниот раст во 2023 поради „изненадувачките отпорни“ побарувања во САД и Европа, пониските трошоци за енергија и повторното отворање на кинеската економија откако Пекинг ги ублажи строгите ограничувања за Ковид-19. ММФ соопшти дека глобалниот раст сепак ќе падне на 2,9 отсто годинава од 3,4 отсто во […]
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесуваат британските медиуми. Западните медиуми минатата недела соопштија дека група воени претставници „во тишина“ го наговараат Пентагон да испрати авиони Ф-16 во Киев. За ова прашање францускиот претседател Емануел Макрон, синоќа не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони […]
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека се радува на ново поглавје во односите со Бразил, по завршувањето на мандатот на контроверзниот екстремно десничарски поранешен претседател на Бразил, Жаир Болсонаро. – Сите сме возбудени што Бразил се врати на светската сцена, рече Шолц во Бразилија по средбата со новиот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да […]
Најмалку 28 лица вклучувајќи војници и цивили загинале во два одвоени напади на вооружени лица во Буркина Фасо, соопштија регионалниот гувернер и армијата. Армијата соопшти дека борбената единица во Фалангуту, на северот на земјата во близина на границата со Нигер, била нападната и загинале 10 војници, двајца доброволци и еден цивил. По нападот, како што […]
Поранешниот потпретседател Чен Чиен-Чен денеска положи заклетва како нов премиер на Тајван за да го предводи новоформираниот кабинет додека владејачката Демократска напредна партија се обидува да ја врати власта во земјата по неуспехот на локалните избори во ноември. Поранешниот премиер Су Ценг-чанг вчера им наложи на членовите на неговиот кабинет да поднесат оставки во големата […]
Папата Франциск денеска ќе замине на своето прво меѓународно патување оваа година – шестдневна посета на Демократска Република Конго и Јужен Судан. Првата дестинација на римокатоличкиот понтиф е главниот град на Конго, Киншаса, каде што ќе остане до петок. Франциск потоа планира да замине за Џуба, главниот град на Јужен Судан, пред да се врати […]
Франција и Холандија се на иста позиција кога станува збор за начините за дејствување на Европската унија во случај на несакани последици од Законот за намалување на инфлацијата, кој стапи на сила во САД, изјави премиерот на Холандија, Марк Руте, по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон. „Се договоривме прво внимателно да испитаме кои […]
Министерката за развој на Германија, Свења Шулце денеска изјави дека германската Влада ќе обезбеди 222 милиони долари (204 милиони евра) за Бразил за заштита на животната средина. Од вкупната сума, 38 милиони долари се донација на Фондот за заштита на Амазон, што претставува најголем придонес за зачувување на амазонската прашума. – Со новата Влада и […]
Три лица се повредени, од кои едно потешко, во напад со нож денеска во Брисел на метро станица во близина на европските институции, соопшти белгиската полиција. Нападот бил извршен на метро станицата „Шуман“, а соработката на неколку полициски служби овозможила брзо апсење на напаѓачот, објави на Твитер градоначалникот Филип Клосе. Првично беше објавено дека е […]