Ова е единствената држава од која Турција одби помош

Бројот на смртни случаи како последица од катастрофалниот земјотрес надмина 21.700 во Турција и Сирија. Се очекува бројот да се зголеми. Над 75.000 лица се повредени во два разорани земјотреси во понеделникот.

Спасувачите се во трка со времето, за да се спаси живот повеќе. Турските власти велат дека се урнале околу 6.500 згради, а голем број се оштетени. Зоните на потресот опфаќаат околу 13 милиони луѓе.

Турција денеска ја одби помошта од Кипар, која не ја признава како држава. Министерството за надворешни работи на Кипар соошти дека Турција „љубезно ја одбила“ неговата понуда за спасувачки тим кој би помогнал по потрага по преживеани, и покрај тоа што првично помошта беше прифатена. Кипарскиот тим од 15 спасувачи, доктори и болничари беше во состојба на подготвеност од средата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *