Авганистанските власти денес објавија дека убиле 58 пакистански војници во синоќешните операции по должината на границата на двете земји. Портпаролот на владата на талибанците, Забихулах Муџахид, потврди дека авганистанските сили зазеле 25 пакистански воени позиции, дека 58 пакистански војници се убиени, а 30 се ранети, пренесува АП.
Во соопштението се вели дека нападите врз пакистанските гранични пунктови биле одговор на наводните повторени кршења на авганистанската територија и воздушен простор.
Порано оваа недела, авганистанските власти го обвинија Пакистан за бомбардирање на главниот град Кабул и пазар во источниот дел од земјата, но Пакистан не ја презеде одговорноста за нападите.
Авганистан објави дека убила 58 војници во граничните судири со Пакистан
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft