Бебе извлечено од смачканиот воз во Грција

Шест ипол месечно бебе е хоспитализирано на хирургија на Универзитетската болница во Лариса по сударот на возовите.

Истовремено, уште едно 8-годишно момче се лекува на детска хирургија во Општата болница во градот.

Според последните информации, во несреќата во Грција се повредени над 80 лица, од кои десетици се со тешки повреди. Тие се хоспитализирани во повеќе градови во земјата.

Досега животот го загубија најмалку 36 лица, а властите стравуваат дека бројките може да растат.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *