Бројката на загинати во страшната трагедија во Кочани се искачи на 59 лица, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој рече дека е распишана потерница за 4 лица, а исто така се постапува и во министерството за економија за дозволата на дискотеката.
„Распишана централна потерница за 4 лица, се постапува и во министерството за економија од каде се обезбедува документација. До 11:30 часот според информациите, починати се вкупно 59 лица, од нив 35 се идентификувани, 31 лице од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени по последните информации е 155 лица. Истите се наоѓаат низ повеќе болници низ државата.
Загинал и полициски службеник од ПС Пробиштип, кој постапувал во дискотеката по претходно изготвен план за присуство на малолетници и за дрога. Од СВР Штип ме информриаа дека требало да биде најдобар полицаец на територија на Пробиштип. За жал тоа ќе биде сторено постхумно“, рече Тошковски.