На 12 дена пред 2 април ние можеме јасно да кажеме пред јавноста дека сме подготвени за избори. Ова го изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев пред почетокот на денешната владина седница. „Ние сме во епицентарот на предизборната кампања“, забележа тој „Во последниве месеци, земјата беше управувана од преодна влада поради неможноста на 48-то Народно […]
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека општите избори ќе се одржат во мај. Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да распише избори на почетокот на април. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека водството на партијата Нова демократија на Мицотакис пред левичарската опозициска партија Сириза се намалува по железничката несреќа […]
Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изјави дека договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти претставува пресвртница. -Сега двете страни треба да ги спроведат сите членови од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, изјави Лајчак во […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија не користи трикови и дека ќе го исполни и ќе работи на спроведување на сето тоа што го кажал во Охрид и покрај тоа што не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да […]
Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница. Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „организиран криминал“ и „перење […]
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина „на патот кон нормализација на односите“ и нагласи дека страните мора да работат „брзо“ и „со добра волја“ за да ги „материјализираат сите свои обврски од договорот“. „Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја поздравува неодамнешната изјава на ЕУ за договорот меѓу […]
Недостатоци во независноста и интегритетот на судството, недостиг на независни медиуми, и тековната корупција во владата, органите на прогонот и локалните институции се главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент. Се додава дека иако Уставот предвидува независно судство, „политичкиот притисок, заплашувањето, корупцијата и ограничените ресурси […]
Францускиот амбасадор во Косово Оливие Геро изјави дека косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ „ќе ги сносат последиците“ доколку не ги почитуваат договорите што ги постигнаа во Брисел и Охрид. „Внимателно ќе го следиме почитувањето на овие договори. Ќе има последици доколку не се почитуваат овие договори, треба да се знае дека […]
Сериозната корупција во Владата, недостиг на истрага и одговорност за родово засновано насилство и насилство или закани врз етничките малцинства и други маргинализирани групи се едни од најсериозните проблеми во Косово, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права. Во извештајот за 2022 година во делот за Косово се споменува дека законот […]
Според реакциите на српската опозиција на догорот меѓу Србија и Косово во Охрид, тој преставува предавство, доведување во заблуда на граѓаните, отварање на пат кон Голема Албанија, а десно ориентираните и проруски партии најавија протест закажан за 24 март, јави дописникот на МИА од Белград. -Вучиќ немилосрдно повторува дека не го потпишал договорот. Нашите граѓани […]