Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска на седницата на Собранието во Приштина презентираше шест услови за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесува „Репортери“. 1. ЗСО мора да биде во согласност со уставот и законите на Косово. 2. ЗСО не може да биде еднонационална, мора да го смени името и да служи само за […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на седницата на Националното собрание на која се расправа за Косово рече дека целта на денешниот ден не е одговорноста да се префрли ниту на тој дом, ниту на народот во целина, ниту на кој било и потенцираше дека никогаш не бегал од своите обврски како претседател на Републиката. […]
Неприсуството на премиерот Еди Рама на седницата на албанскиот Парламент на која приврзаниците на Сали Бериша побараа измени во дневниот ред и расправа за неговата вмешаност во аферата „Мекгонигал“, предизвикаа тензии со блокирање на собраниската говорница и тешки меѓусебни обвинувања. Барањето го изнесе пратеникот Луачиано Бочи, кој рече дека од интерес на цела Албанија е […]
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска го распушти парламентот на земјата и најави предвремени избори за 2 април. Радев назначи и преодна влада пред вонредните парламентарни избори, петти во Бугарија во последните две години, јавија медимите кај источниот сосед. Радев повторно го назначи 55-годишниот политичар Галаб Донев, за премиер на привремената влада додека следниот парламент не […]
Небојша Јанковиќ е препознаен како личноста која стои зад фаталното име Хел и кој планирал напад врз претседателот Вучиќ, пишува „Република.рс“.Инаку, според обвинението, Небојша Јанковиќ е обвинет за убиства за кланот Вељко Беливук. Станува збор за маж кој е поранешен полицаец и припадник на елитната единица на Војската на Србија, единицата на 63-та падобранска бригада, […]
Криминалниот клан на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кому му се суди за седум монструозни убиства, извршил уште најмалку 14 грозоморни ликвидации во повеќе земји, според сведочењето на сведокот-обвинетиот Срѓан Лалиќ. Мажите чии убиства и киднапирања, од кои некои до денес не се официјално разрешени, иако некои се случија пред осум години, Лалиќ на судењето […]
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, во интервју за телевизија Н1, синоќа оцени дека Србија веќе се определила за Запад и дека, како што наведе, односот со Русија од ден на ден слабее. Хил посочи дека е важно Белград конструктивно да пристапи кон планот за европски договор со Приштина и дека тоа на крајот ќе […]
Впечатливата зелена комета C/2022 E3 (ZTF) веќе некое време лебди над нашето ноќно небо, а деновиве се приближи најблиску до Земјата за време на нејзината траекторија – моментално е на 42 милиони километри од нас, што е околу една третина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Тоа е редок спектакл, последен пат имал блиска средба […]
Лидерите на црногорските опозициски партии вчера во Подгорица разговараа за претседателските избори закажани за 19 март и заедничкиот опозициски кандидат за нов претседател на Црна Гора. Најголем дел од учесниците на средбата сметаа дека опозицијата мора да претстави заеднички кандидат за претседателските избори. Порталот РТЦГ јавува дека на средбата присуствувале претставници на парламентарната опозиција – […]
На 11 февруари во 12 часот ќе биде означен почетокот на најмоќната револуција која Албанија ја познавала во својата историја, изјави лидерот на побројното крило на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, најавувајќи одржување на масовен национален протест. – На 11 февруари, Албанија ќе маршира кон Тирана, каде ќе бидат преполни плоштадите и улиците, на национален […]