Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија соопшти дека почнува со работа на измените на Законот за заштита на потрошувачите коишто ќе се однесуваат на забраната за продажба на електронски цигари и други производи со или без никотин на малолетни лица. Одлуката е донесена по добиените резултати од истражувањето на Здружението „Родител“ спроведено лани […]
По поразот во неделата на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска поднесе оставка од функцијата претседател на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС). РТЦГ вечерва соопшти дека в.д. претседател на партијата до конгресот ќе биде Данијел Живковиќ, актуелниот шеф на пратеничкиот клуб на ДПС во црногорскиот парламент. Ѓукановиќ на чело на ДПС е […]
Црна Гора е строго ориентирана кон Запад и ќе продолжи да се спротивставува на оние кои сакаат да го урнат меѓународниот поредок и вредности на кои почиваат демократските држави, изјави шефот на Министерството за одбрана и министер за внатрешни работи Филип Аџиќ. Тој учествуваше на Првата црногорска безбедносна академија за млади, на тема Безбедносната состојба […]
Србија и Косово се обврзаа на Договор за патот кон нормализација и на неговиот Анекс, а Европската унија (ЕУ) очекува и двете страни да ги почитуваат сите обврски и што поскоро да почнат да ги спроведуваат, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел. Тој на својот Твитер профил порача дека […]
Полицаец е уапсен откако пукал во воздух со службениот пиштол во близина на Економскиот факултет во центарот на Атина, откако полициското патролно возило било нападнато од група лица кои претходно палеле канти за отпадоци, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, група од околу 35 лица, кои излегле од Економскиот факултет, претпладнево запалиле […]
Лидерот на политичкиот сојуз ГЕРБ-УДФ, Бојко Борисов денеска изјави дека на Бугарија и е потребна влада „по секоја цена“. ГЕРБ-УДФ освои најголем број гласови на парламентарните избори одржани на 2 април. Борисов истакна дека ако му биде доделен мандатот за составување на нова влада дека ќе разговара со сите партии. – Бугарите на овие избори […]
Единствената задача пред ова Народно собрание е формирање редовна влада. Без оглед на цената на партиите, рече поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на првата прес-конференција по изборите што се одржаа во неделата, јави БТВ. Тој додаде дека ќе биде пратеник во 49. Народно собрание и лично ќе ги води преговорите […]
Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план. Таа партија до медиумите ја […]
Декларацијата за исчезнати лица е првиот документ договорен меѓу Белград и Приштина по постигнувањето на основниот договор меѓу двете страни, јави дописникот на МИА од Белград. Како што изјави за новинарите директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ по денешните разговори во Брисел меѓу Белград и Приштина, прво одделно со претставникот […]
Косовскиот премиер Албин Курти објави денеска дека Косово официјално поднесе кандидатура за организација на Медитеранските спортски игри под слоганот „Приштина 2030“. Курти, по состанокот со претседателот на Олимпискиот комитет на Косово, Исмет Красниќи, рече дека организацијата на Медитеранските игри 2030 ќе биде „историски момент во развојот на локалниот спорт“, но и повеќе од тоа, бидејќи […]