Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици. Рокот за доставување на листите истекува вечерва на полноќ, право да кандидираат пратеници имаат сите регистрирани политички партии. ДИК […]
Следува период на сончево време со мала до умерена облачност. До петок утринските температури ќе бидат пониски, а преку денот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од сабота температурите ќе бидат во пораст, соопшти УХМР. Утринските температури ќе бидат во интервал од 2 до 11, а масксималните дневни ќе достигнат 29 степени.
Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, а температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели тие се очекува да се искачат дури до околу, а можно е и над 30 степени. Нов облак […]
Авиони на италијанската армија ќе патролираат по македонското небо. По Грција и Италија се вклучи во заштита на небото над Македонија, во рамки на колективната одбрана на НАТО за заштита на небото над земјите-членки. Техничкиот договор за вклучување на италијанските воени воздухопловни во рамки на НАТО за патролирање над македонската територија официјално беше потпишан денеска […]
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција. На 29.03.2024 во 04:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, […]
Поради штрајк на екипажите на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ за платите што почна денеска, откажани се вкупно 40 летови, вклучително и трите лета од Виена кон Скопје. На веб страницата на скопскиот меѓународен аеродром ги нема летовите кон и од Виена за денеска и утре. Штрајкот е дводневен и во овој период „Аустриан“ требаше да реализира […]
Како и секоја година така и оваа година имаме промена од зимско во летно сметање на времето. Во последниот викенд во март, односно оваа година летното сметање на времето почнува на 31 март во недела. Така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.
Норвешка испрати 76 воени возила за Македонија. Вкупно 40 камиони и 36 лесни пешадиски возила се натоварени вчера од пристаништето Оркангер и со брод ќе бидат транспортирани до Солун, информираат од Норвешката амбасада. Со донацијата, најавена во септември минатата година, како што информираат од амбасадата на Норвешка, ќе биде опремен лесен пешадиски баталјон. -Донацијата ја […]
Државната изборна комисија денеска одржа седница на која спроведе ждрепка за редоследот на претседателските кандидати. На гласачкото ливче за претседателски избори под број еден е кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски. Број два е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ- Гордана Силјановска-Давкова, број три е кандидатот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски. Под број четири е кандидатот […]
Во февруари пријавени се и четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои се на возраст од 20 до 39 години. – Пријавен е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во 2018 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 35 до 39 години. Согласно постоечката […]