Отворен седмиот по ред Македонски енергетски форум – МЕФ24: Нови предизвици и можности за земјите од Западниот Балкан

Седмиот Македонски Енергетски Форум (МЕФ) 2024 започна со дискусии на високо ниво, истакнувајќи ги клучните приоритети и предизвици за енергетската иднина на регионот. Форумот се одржува под темата „Новата енергетска средина: Обновлива, реискористена, пренаменета“ и вклучува експерти од различни сектори кои дискутираат за енергетската сигурност, транзиција и одржливост.

Во своите обраќања, високите претставници нагласија дека енергетската ефикасност, завршувањето на критичните гасоводни проекти, и социјалните аспекти на енергетската транзиција се од исклучителна важност. Американската амбасадорка Анџела Агелер подвлече дека енергетската сигурност и зелената енергија се приоритети кои треба да ги надминат партиските политики. „Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување и да креираме одржливи решенија, со цел да извезуваме струија наместо да увезуваме,“ рече Христијан Мицкоски, мандатар за состав на идната Влада на Република Северна Македонија.

Еден од клучните моменти на настанот беше објавувањето на МЕФ Стипендијата за жени во енергетиката, овозможена од YEO Technology. Оваа стипендија е наменета за млади студентки кои студираат технички науки, со цел да ги поддржи и охрабри во нивната кариера во енергетскиот сектор.

Форумот продолжува со многу значајни дискусии за енергетската сигурност и безбедност, трансформација на енергетската инфраструктура, еколошка одржливост, примена на технологијата и иновациите, како и финансирањето на реформите кон зелената транзиција.

МЕФ 2024 е платформа која обединува експерти од различни сектори, со цел да се дискутираат и споделат идеи за иднината на енергетскиот сектор во Северна Македонија и регионот. Настанот е во организација на ЗИП Институт.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница www.mef.mk или следете ги нашите профили на социјалните медиуми.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ