Финска утре и официјално ќе стане членка на НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател. Оваа вест ја потврди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Турскиот парламент пред неколку дена ја ратификуваше клаузулата со која ѝ се дозволува на Финска да се приклучи на западната воена алијанса, отворајќи го патот за влез на Хелсинки во НАТО […]
ЦИА ја користела приватната шпанска безбедносна компанија „УЦ Глобал“ за тајно да инсталира микрофони внатре во еквадорската амбасада во Лондон со цел да го прислушува основачот на Викиликс Џулијан Асанж, известува „Pais“. „УЦ Глобал“ бил ангажиран во рамките на обезбедување на амбасадата. Асанж, на кого Еквадор му даде азил, престојуваше во дипломатскиот комплекс од 2012-та […]
Израелската Влада одобри создавање Национална гарда под водство на ултрадесничарскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир. Тој истакна дека главна задача на новите сили ќе биде да ги смири немирите поврзани со Арапите. Сепак, неговите политички ривали го обвинија дека создал милиција базирана на религија. Претходната израелска влада веќе го започна процесот на создавање помошни […]
Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ (McDonald’s) неделава привремено ќе ги затвори своите канцеларии во САД и ќе го намали бројот на административниот персонал, објави „Волстрит џурнал“. Весникот наведува дека раководството на корпорацијата минатата недела испрати интерна е-пошта до своите вработени во САД и нивните колеги во странство. Од нив е побарано да работат од […]
Пред Специјалниот суд за извршени воени злосторства на припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска почнува судењето на поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и уште тројца соучесници. Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и […]
Морнарицата на Јужна Кореја, САД и Јапонија денеска почнаа дводневна воена вежба против подморници во меѓународни води во близина на јужнокорејскиот остров Џеџу, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана. Во вежбата, чија цел е подобро справување со нуклеарните и ракетните закани од Северна Кореја, учествува и американскиот носач на авиони Нимиц. Вежбите се одржуваат откако Северна […]
Во Мексико во саботата се запали балон со топол воздух, при што загина брачен пар, додека нивната ќерка го преживеала падот. Пожарот избувна во близина на древниот град на Ацтеките, Теотихуакан. По избувнувањето на пожарот, балонот се урнал на земја, пишува Мексико Дејли Пост. На социјалните мрежи се појави морничаво видео на кое се гледа […]
Северна Ирска ќе ја одбележи Овој месец 25-годишнината од мировниот договор кој во голема мера стави крај на тридеценискиот верски конфликт. Политичките тензии и безбедносните предизвици, сепак, повторно се зголемуваат. На 10 април 1998 година, Велики петок, проирските националистички и про-британски унионистички лидери склучија мировен договор по маратонските преговори во кои беа вклучени владини претставници […]
Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на источниот брег на Камчатка, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот бил во заливот Авач, 44 километри јужно од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 100 километри. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Во Финска предмалку заврши гласањето за парламентарните избори, а во моментов се пребројуваат гласачките ливчиња, пренесуваат британските медиуми. Според првичните податоци од гласањето, десничарската опозициска Национална коалициска партија на Петери Орпо води со 20,8 отсто, а финската Социјалдемократска партија на премиерката Сана Марин е речиси израмнета со 20,7 отсто од гласовите, наведуваат британските медиуми. На […]