Папата Франциск денеска порача дека идните генерации не смеат да бидат оптоварени со трошоците на денешните пензиски системи и ги охрабри креаторите на политиките да негуваат „култура на заедничко добро, социјална сигурност и одржливост“. Потсетувајќи на библиски примери на лошата и добрата промисла, папата Франциск ја истакна потребата од „мудри политичари“, кои не трошат ресурси […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција мора да ја подобри достапноста на палијативната нега и најави дека нацрт-законот за евтаназија треба да биде завршен до крајот на летото. Макрон рече дека предлог-законот ќе се надоврзе на работата на групата од 184 случајно избрани француски граѓани кои расправаат за ова прашање од минатиот декември. […]
Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинисто, лиферуваше соопштение во кое потврди дека Финска во и официјално ќе стане членка на НАТО алијансата, а во меѓувреме стасаа и првите реакции од Русија. Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко најави дека земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на […]
Повеќе луѓе се соочуваат со опасностите од мини и неексплодирани убојни средства денес отколку пред две години, објави денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). На алармантниот тренд укажа Ерик Толефсен, раководител на Единицата за справување со контаминација со оружје при МКЦК, по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста и помош при деминирање, кој […]
Финска утре и официјално ќе стане членка на НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател. Оваа вест ја потврди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Турскиот парламент пред неколку дена ја ратификуваше клаузулата со која ѝ се дозволува на Финска да се приклучи на западната воена алијанса, отворајќи го патот за влез на Хелсинки во НАТО […]
ЦИА ја користела приватната шпанска безбедносна компанија „УЦ Глобал“ за тајно да инсталира микрофони внатре во еквадорската амбасада во Лондон со цел да го прислушува основачот на Викиликс Џулијан Асанж, известува „Pais“. „УЦ Глобал“ бил ангажиран во рамките на обезбедување на амбасадата. Асанж, на кого Еквадор му даде азил, престојуваше во дипломатскиот комплекс од 2012-та […]
Израелската Влада одобри создавање Национална гарда под водство на ултрадесничарскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир. Тој истакна дека главна задача на новите сили ќе биде да ги смири немирите поврзани со Арапите. Сепак, неговите политички ривали го обвинија дека создал милиција базирана на религија. Претходната израелска влада веќе го започна процесот на создавање помошни […]
Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ (McDonald’s) неделава привремено ќе ги затвори своите канцеларии во САД и ќе го намали бројот на административниот персонал, објави „Волстрит џурнал“. Весникот наведува дека раководството на корпорацијата минатата недела испрати интерна е-пошта до своите вработени во САД и нивните колеги во странство. Од нив е побарано да работат од […]
Пред Специјалниот суд за извршени воени злосторства на припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска почнува судењето на поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и уште тројца соучесници. Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и […]
Морнарицата на Јужна Кореја, САД и Јапонија денеска почнаа дводневна воена вежба против подморници во меѓународни води во близина на јужнокорејскиот остров Џеџу, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана. Во вежбата, чија цел е подобро справување со нуклеарните и ракетните закани од Северна Кореја, учествува и американскиот носач на авиони Нимиц. Вежбите се одржуваат откако Северна […]