Во Мексико во саботата се запали балон со топол воздух, при што загина брачен пар, додека нивната ќерка го преживеала падот. Пожарот избувна во близина на древниот град на Ацтеките, Теотихуакан. По избувнувањето на пожарот, балонот се урнал на земја, пишува Мексико Дејли Пост. На социјалните мрежи се појави морничаво видео на кое се гледа […]
Северна Ирска ќе ја одбележи Овој месец 25-годишнината од мировниот договор кој во голема мера стави крај на тридеценискиот верски конфликт. Политичките тензии и безбедносните предизвици, сепак, повторно се зголемуваат. На 10 април 1998 година, Велики петок, проирските националистички и про-британски унионистички лидери склучија мировен договор по маратонските преговори во кои беа вклучени владини претставници […]
Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на источниот брег на Камчатка, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот бил во заливот Авач, 44 километри јужно од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 100 километри. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Во Финска предмалку заврши гласањето за парламентарните избори, а во моментов се пребројуваат гласачките ливчиња, пренесуваат британските медиуми. Според првичните податоци од гласањето, десничарската опозициска Национална коалициска партија на Петери Орпо води со 20,8 отсто, а финската Социјалдемократска партија на премиерката Сана Марин е речиси израмнета со 20,7 отсто од гласовите, наведуваат британските медиуми. На […]
Во експлозија во кафуле во вториот по големина руски град Санкт Петербург денеска е убиен познатиот руски воен блогер Владлен Татарски, потврди руското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. -Во инцидентот едно лице загина. Станува збор за воениот блогер Владлен Татарски, а повредени се 16 лица, соопшти руското МВР. Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше повеќе од […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров, организиран на негово барање, повикал на итно ослободување на американскиот новинар Еван Гершкович, кој неделава беше уапсен во рускиот град Екаринбург под сомнение за шпионажа, на што Лавров одговорил дека е неприфатливо случајот да се политизира. –Блинкен ја изрази големата загриженост на САД за руското неприфатливо апсење на американскиот новинар Гершкович, рече портпаролот на Стејт […]
Најмалку 13 рудари загинаа, а двајца се водат за исчезнати откако поради поројните дождови дошло до хаварија во коп од рудникот за злато во Бурунди, соопштија властите. Гувернерот на северозападната провинција Цибитоке изјави дека рударите не можеле да бидат спасени откако во петокот вечерта се урнал копот поради обилните врнежи. Полицијата и другите агенции за […]
Европската унија (ЕУ) ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од руска страна за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во април, изјави денеска во Брисел првиот европски дипломат, Жозеп Борел. -Доаѓањето на Русија за претседавач со Советот за безбедност на ОН вредно е како првоаприлска шега. И покрај тоа што е […]
Папата Франциск денеска присуствуваше на мисата за празникот Цветници на плоштадот Св. Петар, само еден ден откако беше отпуштен од болница по успешното закрепнување од инфективен бронхитис, јави Хина. Папата се возеше во задниот дел на неговиот папамобил со отворен покрив и со него мина низ толпата, пред да се симне и да ја отвори […]
Војната на Русија против Украина досега ги однесе животите на 262 украински спортисти и уништи 363 спортски објекти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит. На средбата со претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, украинскиот министер кажа дека на ниту еден руски спортист не смее да му се дозволи да учествува на […]