На Јутјуб се појави уште едно видео од разорниот земјотрес што ја погоди Турција пред една недела. И додека бројката на загинати расте од минута во минута и истата се искачи над 40 илјади, медиумите откриваат како е можно зградите да се уриваат како кули од карти само за неколку сикунди. На ова видео се […]
Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на главниот град на Украина. Во соопштението објавено на Телеграм, властите во Киев нагласија дека балоните можеби носеле аголни рефлектори и опрема за разузнавање. Потенцијалната цел на пуштањето балони била да се „исцрпи нашата противвоздушна […]
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека очекува кампањите за вакцинација против Ковид-19 да се спроведуваат еднаш годишно, слично како и вакцинацијата против грип. Иако вирусот што предизвикува Ковид-19 сè уште не се однесува како сезонски вирус за време на зимските бранови во умерените климатски подрачја, тоа би можело да биде правецот по кој […]
Таха Ердем (17) од Адијаман беше извлечен од урнатините два часа откако го објави своето проштално видео на социјалните мрежи. Младиот човек, кој беше затрупан под урнатините по разорниот земјотрес што ја погоди Турција на 6 февруари, беше убеден дека спасувачите нема да можат да го спасат. Затоа снимил видео, за да се збогува со […]
Европската комисија (ЕК) денеска ја објави својата одлука да покрене правна процедура против Полска пред Судот на правдата на Европска унија (ЕУ) поради кршење на правото на ЕУ од страна на полскиот Уставен суд и неговата судска пракса. Полска ги отфрлила аргументите на ЕК поврзани со нејзиниот уставен суд. Не се согласуваме со аргументите изнесени […]
Меѓународната организација за миграција во Либија денеска соопшти дека најмалку 73 мигранти се водат како исчезнати и се претпоставува дека настрадале во вчерашниот бродолом во близина на либискиот брег. ИОМ наведе дека седум луѓе го преживеале бродоломот и се вратиле на либискиот брег, откако потонал бродот со 80 луѓе. Мигрантите се обидувале да пристигнат до […]
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе се продолжи со спасувачките напори и брзата реконструкција на уништените згради, повеќе од една недела по разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја и соседна Сирија. Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните кои останаа без домови се справуваат со зимските температури. „Ќе продолжиме […]
Турските власти денеска соопштија дека вкупно 50.576 згради биле урнати или сериозно оштетени по двата разорни земјотреса минатата недела, јави ДПА. Во извештајот на турското Министерство за урбанизам се наведува дека сите тие опасни градби мора итно да се отстранат. Досега, властите проверија над 387.000 згради во десетте погодени окрузи во југоисточна Турција. Најмногу објекти […]
Српските и косовските лидери ќе „направат тешки компромиси“ со цел да ги нормализираат односите меѓу Белград и Приштина, што ќе донесе безбедност и просперитет за сите граѓани на Западен Балкан, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, честитајќи го Денот на државноста на Србија. „Во име на САД, сакам да му го честитам на народот […]
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел денеска најави дека ќе достави до земјите-членки на Унијата список со предлози за санкционирање на речиси 100 дополнителни лица и субјекти од Русија „поради нивната улога во поткопувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, како и против одговорни за воени активности, политички одлуки, пропаганда и […]