Велика Британија воведе нови санкции против Русија, вклучително и забрана за извоз на воени производи

Велика Британија денеска, на годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, воведе нови санкции против Москва кои се однесуваат на 92 физички лица и субјекти, вклучително и забрана за извоз на сите производи што можат да се користат на бојно поле.

Британското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека меѓународно координираните санкции и трговски мерки се насочени кон делови за авиони, радио опрема и електронски компоненти. Според извештаите, нови санкции се воведуваат и против неколку руски директори, вклучително и вработени во државната нуклеарна корпорација Росатом, одбранбениот сектор и руски банки.

Се воведуваат санкции за четири руски финансиски институции, меѓу кои и МТС банка.

Форин Офисот соопшти дека военото разузнавање покажало дека недостигот на компоненти во Русија, како резултат на санкциите, веројатно влијаел на способноста на Русија да произведува опрема за извоз, како што се оклопни возила, хеликоптери за напад и системи за ПВО.

Лидерите на Групата седум најбогати нации (Г7) ќе се сретнат онлајн денеска со украинскиот претседател Володимир Зеленски и се очекува да разговараат за дополнителни санкции против Русија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *