НАТО соопшти дека ќе испрати повеќе од 1.000 бродски контејнери во Турција за да помогне во обезбедување засолниште за преживеаните од земјотресот. – Ова полутрајно засолниште е способно да смести најмалку 2.000 луѓе раселени од земјотресите во Турција, соопшти на Твитер Здружената команда на силите на НАТО во Неапол. Контејнерите, кои моментално се наоѓаат во […]
Вооружени напаѓачи упаднаа во болница во северна Сирија во која е сместено бебе родено во урнатините на земјотресот, изјави официјален претставник на болницата, додавајќи дека напаѓачите го претепале директорот на клиниката. Аја беше однесена во болница неколку часа по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Таа е родена во урнатините […]
Необичен црвен облак беше снимен на небото над Турција две недели пред разорните земјотреси што ги погодија таа земја и Сирија на 6 февруари. Снимката од црвено-портокаловата формација е направена на 19 јануари, а фотографиите и видеата ги преплавија социјалните мрежи. Lenticular #cloud in Bursa, #Turkey. A surreal sight😮pic.
Прашањето за можното испраќање борбени авиони во Украина се уште е отворено по состанокот на педесет земји за координирање на испраќањето оружје во таа држава. „Немам никакви вести за авионите денеска“, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој претседаваше со состанокот на контакт групата за одбрана на Украина во седиштето на НАТО во Брисел, […]
Додека Турција ја доживува болката од земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, едно видео буквално го шокираше целиот свет. Еден видео прилог открива што се криело во ѕидовите и столбовите на зградите кои се уриваа како кули од карти минатиот понеделник. Во остатоците од бетон се забележани пукнатини, каде може да се видат […]
Додека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во јужна Турција по минатонеделните смртоносни земјотреси, спасувачките тимови извлекоа и голем број животни под урнатините. Во Хатај, една од 10-те провинции погодени од двојните земјотреси, волонтерите спасија повеќе од 300 животни заробени под урнати згради, покрај илјадниците преживеани луѓе во регионот на катастрофата. Ибрахим Гочер, постар член […]
И покрај се помалите шанси за преживеани, спасувачките акции во Турција не запираат. Осум дена по катастрофалниот земјотрес во Турција од под рушевините се уште се слушаат гласови за помош. Екипите не се откажуваат, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека спасувачката работа ќе продолжи се додека не се спаси и последниот човек од […]
Бројот на жртвите од земјотресите во Турција се искачи на 35.418, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Вкупно 13.208 повредени сè уште се лекуваат во болница по минатонеделните земјотреси, додаде тој. Ердоган рече дека спасувачката работа ќе продолжи се додека не се спаси и последниот човек од под урнатите згради. Според него, околу 250.000 […]
Обединетите нации упатија апел за 397 милиони долари за помош на жртвите од земјотресот во Сирија, каде се загинати илјадници луѓе, а на милиони други им треба итна помош. – Денеска објавувам дека ОН упатија хуманитарен апел за 397 милиони долари за населението погодено од земјотресот во Сирија. Тоа ќе биде доволно за три месеци, […]
Сè поголем број пациенти страдаат од посттрауматско стресно растројство и напади на паника, откако го преживеаја минатонеделниот земјотрес во Турција и Сирија. Лекарите од турската теренска болница во јужниот град Искендерун рекоа дека лекуваат се повеќе луѓе кои преживеале огромна траума по земјотресот, објави Ројтерс. Се вели дека некои од нив, откако биле извлечени од […]