Вооружени напаѓачи упаднаа во болницата каде е сместено бебето кое се роди во урнатините на земјотресот

Вооружени напаѓачи упаднаа во болница во северна Сирија во која е сместено бебе родено во урнатините на земјотресот, изјави официјален претставник на болницата, додавајќи дека напаѓачите го претепале директорот на клиниката.

Аја беше однесена во болница неколку часа по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари.

Таа е родена во урнатините на куќата, а нејзините родители, браќата и сестрите загинале во земјотресот.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, ги негираше извештаите на социјалните мрежи дека нападот во понеделникот вечерта бил обид за киднапирање на новороденчето, кое го добило името Аја.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *