До 30 јуни ќе бидат укинати сите антиковид мерки кои се во сила во Австрија, јави ДПА, повикувајќи се на Владата. До крајот на јуни ќе бидат укинати сите ограничувања за заразените со коронавирус. Во моментов, заразените со вирусот не мора да бидат во карантин, туку од нив се бара да носат маска FFP2 во […]
Земјите-членки на Европска Унија ќе обучат дополнителни 15.000 украински војници, со што вкупниот број војници, кои ќе поминат обука ќе се искачи на 30.000, соопштија неименувани извори од ЕУ. Постоечката мисија за обука почна во ноември минатата година и има за цел да обезбеди индивидуална, колективна и специјализирана обука на вооружените сили на Украина. Мисијата […]
Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли ќе се кандидира за претседателска номинација на Републиканската партија во 2024 година на 15 февруари против нејзиниот поранешен шеф, поранешниот претседател Доналд Трамп, изјави извор запознат со нејзините планови. Се очекува Хејли да открие детали за нејзината понуда во текот на денот, според The Post и Courier, кои […]
Околу половина милион британски учители, државни службеници, машиновозачи денеска излегоа на улиците на градовите ширум Велика Британија во знак на протест поради ниските плати, во најголемиот координиран штрајк во таа земја во изминатата деценија. Синдикатите се закануваат со уште поголем застој на државата, доколку владата не одговори позитивно на нивните барања во однос на платите. […]
Припадници на американското Федерално истреажно биро (ФБИ) врши претрес во викендичката на претседателот на САД, Џо Бајден во Рехобот Бич, во сојузната држава Делавер, изјави личниот адвокат на претседателот. ФБИ продолжува да го истражуваат неговото поседување доверливи документи. Претресот, како и најмалку два други спроведени на локации поврзани со Бајден, е преземен со соработка на […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до сонародниците изјави дека уште не завршил со смените на високи функционери и дека секој што не работи според строгите стандарди ќе биде отпуштен. Британските медиуми пренесоа дека Зеленски минатата недела одговори на извештаите за корупција, 11 месеци по почетокот на војната, отпуштајќи повеќе од […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас на окупираниот Западен Брег, изјави дека е тажен поради смртта на недолжните палестински цивили во израелско-палестинското насилство. „Дозволете ми на почетокот да изразам сочувство и тага поради смртта на недолжните палестински цивили кои ги загубија животите во ескалацијата на насилството во […]
Како што се менува светот, се менуваат и опциите за добивање на второ државјанство. Во овој водич ќе ги разгледаме најдобрите земји за добивање на двојно дрежавјанство во 2023 година, земајќи ги во обѕир факторите како што се едноставност на процесот, барањата за влез и можностите за патувања. Свети Кристофер и Невис Програмата за државјанство […]
Велика Британија и Европската унија постигнаа царински договор што би можел да го отвори патот за крај на повеќегодишните расправии околу Северна Ирска по Брегзит пред две години. Според Тајмс, Брисел го прифатил предлогот со кој би се избегнала потребата од рутински проверки на производите наменети за Северна Ирска. Соопштено е дека ЕУ за првпат […]
Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека ја завршил 2022 година со најголем приход досега, благодарение на вакцината и лековите за Ковид-19, предупредувајќи истовремено дека очекува послаб резултат оваа година поради намалените случаи на инфекција со вирусот и резервите. Приходите на Фајзер минатата година зголемени се за 23 отсто на 100,3 милијарди долари. Додека Нето добивката […]